Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Услови за користење на Bohemia.mk

Општи одредби

Веб-страницата www.bohemia.bg е електронски каталог за производите на Бохемиа. Користејќи ја веб-страницата, корисникот се согласува со општите услови за користење. Доколку некој  услови не одговараат на корисникот Ве молиме да не го користите овој веб-сајт.

Корисникот е единствено одговорен за сите штети настанати како резултат на нарушување на авторските права, заштитен знак или други права на сопственост, како и други штети настанати како резултат на користењето на вебстраната www.bohemia.mk.

 

Содржина на сајтот

Вебсајтот на "Бохемија" ДООЕЛ содржи предлози за купување на авионски билети, сместување, патувања и одмори во земјата и странство, промотивни пакети и понуди за запишување во последна минута (last minute), проверка за расположливи слободни места и асистенција за направена резервација.

 

 Авторско право

Содржината на вебсајтот, сите текстови и слики, распоредот и структурирање на информациите се сопственост на "Бохемија" ДООЕЛ и се заштитени со Законот за авторското право и други сродни права.

Дозволено е да се користи оваа страница, да се зачуваат делови од неа на персонален компјутер и да се печати неговата содржина за лични, некомерцијални цели.

При информации дека материјали објавени на сајт www.bohemia.bg, нарушуваат нечии права на интелектуална сопственост, можете да не контактирате на наведените адреси на почетната страница со појаснување на делот во кој сметате дека има нарушување, како би ги превзеле потребните мерки за отстранување на евентуално нарушување.

 

Точност и сигурност на информации

Содржината објавена на веб-страницата е за информативни и рекламни цели и можно е да содржи одредени чрешки. Согласно законот за вистинити се сметаат информациите обезбедени во канцелариите на "Бохемија" ДООЕЛ или во канцелариите на овластени од "Бохемија" ДООЕЛ агенти.

"Бохемија" ООД не гарантира дека веб-страницата е без грешки и дека пристапот до неа е неограничен. Bohemia го задржува правото да го уредува веб-сајтот и да го прекине пристапот до него во секое време. "Бохемија" ДООЕЛ се обврзува да ги преземе сите разумни мерки со цел да објавува сигурни и квалитетни информации на веб сајтот, но грешки и пропусти како и доцнења во обновувањето на податоците не можат да бидат исклучени. Коментари, мислења и публикации на посетители, клиенти или други лица надвор од "Бохемија"ДООЕЛ им припаѓаат на нивниот автор и "Бохемија" не е одговорна за нивната веродостојност и исправност.

 

Забранета и неовластена употреба

Корисникот нема право да превзема информации од веб-страницата на "Бохемија" ДООЕЛ, ако истата  се користи за недозволени и неетички цели цели спротивни на законите на Република Македонија, нарушување на приватноста на личноста, како и за пополнување на мејлинг-листи, спам, неовластен пристап и ограничување на достап до сајтот за другите корисници. Корисникот се согласува дека нема да користи уред или софтвер во обид да повлијае или го наруши правилното функционирање на оваа страница.

 

Промена на условите за користење на страницата

"Bohemia" го задржува правото да ги промени овие правила во секое време без претходна најава. Направените измени стапуваат на сила во моментот на нивното објавување на страницата. Ако не се согласувате со Условите за користење, Вие можете да прекинете со учество на страната по следните правила: со прекин на користење и достап до веб сајтот на "Бохемија" ДООЕЛ и уништување на материјалите, кои сте ги превзеле, отпечатиле или снимиле.

  

Заштита на лични податоци

"Бохемија" ДООЕЛ на своите клиенти им дава можност за проверка на веќе направена резервација и поврзаните информации со истата преку "Влез за клиенти" во веб преку воведување на потребните лични податоци на клиентите и бројот на конкретната резервација.

"Бохемија" ДООЕЛ поседува Сертификат за администрирање на лични податоци, и во врска со тоа води неопходна грижа и одговорност за заштита на информациите за клиентите кои се достапни и познати по купувањето на некој од производите на "Бохемија" ДООЕЛ при склучување на договор за организирано патување, освен во случаи на виша сила, случаен настан или злонамерни активности на трети лица.

"Бохемиа" ДООЕЛ ги евидентира и користи информациите за клиентите само за цели пропишани во Договорот за организирано патување и Општите услови.

"Бохемија" ДООЕЛ се обврзува да не открива какви било лични информации за клиентите и да не отстапува евидентирани информации на трети лица - државни органи, трговски друштва, поединци и други, освен во случаите кога:

- добил јасна согласност на клиентот;

- се бараат на увид информации од државни органи или службеници кои согласно законот се овластени да бараат и превземаат такви информации во согласност со законските процедури;

- други случаи споменати во законот.

Со склучување на договор за организирано патување, клиентот се согласува да му бидат испраќани лични, рекламни или други комерцијални пораки и понуди од  Бохемиа ДООЕЛ на пријавената од клиентот електронска пошта, како и информации за статусот на правните односи кои произлегуваат од користењето на страницата www.bohemia.bg. Во согласност со правилата и законот, "Бохемиа" ДООЕЛ дава можност за секој клиент бесплатно и на лесен начин да се откаже од добивањето вакви пораки.