Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Општи условии за екскурзии и одмори со авион

1.      ПОТРЕБНИ  ДОКУМЕНТИ  И  УСЛОВИ  ЗА  ЗАПИШУВАЊЕ

1.1.Биометриски пасош со рок на важност подолг од планираниот престој во странство. За одредени држави е потребно патната исправа да има валидност најмалку 6 месеци подолга од почетниот период на патување.

1.1.2.    За деца под 18 години - важечки документ за идентификација,  кој се бара од соодветната држава, со рок на  важност не пократок од  6 месеци  од датумот на враќање од патувањето.

1.1.3.    За деца под 18 години кои патуваат сами или со еден од родителите, освен потребниот документ за  идентификација, потребна е и нотарски заверена изјава на  македонски јазик од двајцата родители дека се согласни детето да патува во странство, со телефон на нотарот. Оригиналната изјава и 2 копии треба да носат за време на патувањето.

1.2.   Виза - види  т. 4.

1.3.1.    Во пасошот треба да има минимум  2 празни страни за секоја  визна услуга - ставање на виза и слободно место за ставање на печати. За програми кои вклучуваат посета на две држави со визен режим, потребни се најмалку  четири празни страни, без последната страна од пасошот.

1.4.   Договор за организирано патување - се склучува во 2 примероци при запишување за одредената програма.

1.5.   Ваучер за организирано патување (се издава од туристичкиот агент) - се издава во три примероци, освен кога е во електронска форма, по плаќањето на целата вредност на програмата  и  бараните дополнителни услуги.

1.6.   Осигурување - види  т. 9.

1.7.   За авионските програми се издава поединечен  билет.  При патување со авион апсолутно е задолжително правилно пишување на латиница на имињата на  туристите (така како што се напишани во документот за идентификација, со кој ќе патуваат), како и давање на сите други податоци  за туристите, кои се бараат во врска со патувањето. Во случај, дадените информации да се  невистинити, неточни, нецелосни или  не се дадени навреме, сите непријатности и штети  предизвикани од тоа  се за сметка на нарачателот. За целта, клиентот треба да ги пополни  сите потребни информации точно и веродостојно (име на латиница според пасош, координати за контакт и др.). Туроператорот не е одговорен, ако клиентот не може да ги  користи резервираните и платените услуги, поради  неправилно  дадени  податоци.

1.8.     Формулар за лични податоци  со наведен телефонски број со активен роаминг за врска за време на патувањето или телефон за врска со близок роднина.

При неисполнување на условите од  т. 1 - 1.8, туроператорот не е одговорен и сите непријатности и  штети, кои се предизвикани од  тоа, се за сметка на настраданите.

 

2.      РОК  ЗА  ЗАПИШУВАЊЕ  И  СКЛУЧУВАЊЕ  НА  ДОГОВОР

Патувањето може да се пријави до  1 недела пред датумот на заминување (зависно од конкретната програма). За да имате реален избор на  летови, хотели, места и цени, најсоодветен период за склучување на договор е од  1 година до 1 недела пред датумот на заминување. За да склучите договор, потребно е да ги доставите документитете и според датумот да  платите депозит или целосна вредност на патувањето.

Доколку има слободни места запишувањето  се врши  по  наведените рокови.

3.      ЦЕНИ,  РОКОВИ  И  НАЧИН  НА  ПЛАЌАЊЕ

3.1.   Цените за секоја програма ги вклучуваат  услугите, кои детално се опишани за секоја програма, одделно. Во цените за програмите, кои ги вклучуваат  туристичките услуги на територијата на ЕУ е  вклучен  ДДВ (данок на додадена  вредност).

3.2.   Цените на програмите се пресметани на  база на авионски карти во економска класа или при конкретно  посочена  цена за меѓународните летови од  Скопје до Скопје и од Софија до Софија.

За патувањата со вклучен  внатрешен лет е дадена конкретната цена за авионски  билет  во економска класа со  вклучени аеродромски такси, кои  важат  од датумот на издавање на  каталогот.

При промена во цената на авионските карти за меѓународните и  внатрешните летови, за кои се дадени  фиксни цени, агенцијата го задржува правото за промена  на цената на туристичкиот пакет во соодветната насока.

3.3.   Цените за сите склучени договори се  гарантирани од агенцијата. Објавените цени се во сила при склучување на  договор најдоцна  до  31 декември 2017 година.

Агенцијата го задржува правото  да ја промени цената на  патувањето/одморот по  склучување на договор, но не подоцна од 21 ден пред датумот на патувањето во следните  случаи:

-            промена на цената на горивото,  за која е пресметана цената на програмата (кај чертер програми - во случај ако  настапи  таква  промена):

·         Цените на пакетот за „Одмор на островот Санторини“ се пресметани  на база на цената на горивото на  5.10.2016 г.: Софија 540 УСД/тон - Санторини  792 УСД/тон.

·         Цените на пакетот за „Одмор на Канарските острови, Тенерифе“ се пресметани  на база на цената на горивото на  24.10.2016 г.: Софија 502 УСД/тон - Тенерифе Север 506 УСД/тон.

При промена  на  таксите за гориво, повторната пресметка се врши  врз база на следната формула:  ((X-Y x Z) + ((X1-Y1) x Z1) = нето  така за гориво, при што  X ја претставува актуелната цена на  горивото на одредениот датум  (пред или по времето на договорениот период на оперирање),  Y ја претставува цената на горивото, дадена  по тековниот договор и   Z  претставува просечна потрошувачка на гориво во тони по  воздушна делница од  почетна точка во Бугарија.  X1, Y1 и  Z1 ги претставуваат истите горе опишани компоненти, но  по воздушна делница кон Бугарија.

-            промена во цената на гориво, за која е пресметана цената на програмите  „Дубаи - град од бајките, град бајка“ и „Дубаи и Абу Даби-врвот на арапската цивилизација “  (во случај ако  настапи  таква  промена):

-            промена на  аеродромските такси

 

Објавените цени во каталогот се пресметани врз основа на следните аеродромски такси/по турист од Софија за следните аеродроми: Малага - 23 ЕВРА; Тенерифе Север - 25 ЕВРА; Лисабон - 36 ЕВРА; Барселона - 31 ЕВРА; Палма де Мајорка - 23 ЕВРА; Аликанте - 23 ЕВРА; Ларнака - 102 ЕВРА; Прага - 40 ЕВРА; Виена - 114 ЕВРА; Мадрид - 38 ЕВРА; Рим - 52 ЕВРА; Милано - 144 ЕВРА; Болоња- 31 ЕВРА; Валенсија - 22 ЕВРА; Неапол - 36 ЕВРА; Санторини - 23 ЕВРА; Бари - 23 ЕВРА; Катанија - 29 ЕВРА;  Кутаиси - 15 ЕВРА; Пекинг и Хонг Конг - 77 ЕВРА; Ханој и Сајгон -65 ЕВРА; Мексико - 127 ЕВРА; Дубаи - 29 ЕВРА; Делхи - 199 ЕВРА;

-            промена во државните такси, поврзани со мерките на безбедност, вклучувајќи и на аеродромите;

-            промена на пристанишните такси;

-            промена во даночните ставки;

-            промена во девизниот курс, кој се однесува на договорот, во периодот меѓу неговото склучување и датумот на патувањето

Во тие случаи, агенцијата го задржува правото да побара тие дополнителни трошоци за бидат платени од нарачателот. Зголемувањето на цената на пакетот, но не за повеќе од 5% , како последица на  објективно посочените  причини, не може да биде повод за откажување од страна на туристот.

3.4.   Плаќањето може да се изврши

1)    во готово до 5000еур по склучен договор.

2)    со кредитна картичка или преку  банка.

              За сите износи кои се платени во готово или со кредитна картичка се издава фискална сметка. Плаќањето се врши еднократно или  одложено.

3.5.   Одложено плаќање

      Долу наведените услови за одложено плаќање се во сила за сите програми, освен ако во конкретната програма не е наведено друго. При непочитување на посочените рокови за плаќање, агенцијата го задржува правото да го поништи патувањето, а сите штети и  непријатности кои се случиле поради тоа се за сметка на нарачателот, односно  туристите.

3.5.1.      За  групни  авионски  патувања со водич, вклучувајќи ги ОАЕ и Индија, одложеното плаќање е можно на 2 рати. Првата рата е во висина на 35% од  вредноста на  патувањето кое сте го избрале плус вредноста на дополнително  бараните услуги, најдоцна  до 46 дена пред датумот на  поаѓање. Втората рата до целата вредност на патувањето  треба да биде  најдоцна до  45 дена пред датумот на поаѓањето, но не подоцна од денот на издавање на авионскиот билет, а во случај на подоцен датум на склучување на договорот - на датумот на издавање на авионскиот билет.

3.5.2.      За  групни  авионски  патувања со водич во Кина, Хонг Конг и Макао, Виетнам и Камбоџа, Мексико, комбинираната програма Дубаи и Шри Ланка - одложеното плаќање е можно на три рати. Првата  рата е во висина на 35% од  основната цена на патувањето кое сте го избрале плус вредноста на дополнително  бараните услуги, најдоцна  до 91 ден пред датумот на поаѓање. Втората рата до 50% од конечната цена на патувањето  треба да се  плати  најдоцна до 61 ден пред датумот на  поаѓање. Третатат рата до целата вредност на резервацијата треба да се плати најдоцна до  60 дена од датумот на поаѓање.

3.5.3.      За  групни  авионски  патувања со водич во земјите од ЕУ, Швајцарија,  Норвешка и  Грузија, Ерменија, Азербејџан, Израел и Мароко; групните авионски одмори во Шпанија, Италија и Португалија - одложеното  плаќање е можно на две рати. Првата рата е во висина на 35% од  вредноста на  патувањето кое сте го избрале плус вредноста на дополнително  бараните услуги, најдоцна  до 31 ден пред датумот на  поаѓање. Втората рата до целата вредност на патувањето  треба да биде  најдоцна до 30 дена пред датумот на поаѓањето.

3.5.4.      За индивидуалните авионски  патувања / одмори  одложеното  плаќање е можно на две рати. Првата рата е во висина на 35% од  вредноста на  патувањето кое сте го избрале плус вредноста на авионскиот билет и   дополнително  бараните услуги. Втората  рата до целата вредност на патувањето/одморот  треба да биде  најдоцна до 45 дена пред датумот на поаѓањето, но не подоцна од денот на издавање на авионскиот билет, а во случај на подоцен датум на склучување на договорот - на датумот на издавање на авионскиот билет.

3.6.   За секоја програма  е дадена ТОП цена. Таа цена важи само за конкретниот датум или период на патување и под посочените услови во програмата.

3.8.   Политиката за  враќање на износи  во врска со извршени плаќања (рок за враќање на износите).

3.8.1.  Враќањето на износите се врши во рок од 10 дена по поништувањето, на начин на кој се платени.

3.8.2.  Враќањето на износите за онлајн резервациите се врши  со налог за обратна операција  на картичката  во рок од  10 дена  по поништувањето.

3.9.   Бакшиши - во повеќето земји  традиционално е прифатено туристите да даваат бакшиш на  возачите и локалните  водичи и  вратари на крајот на патувањето. Висината на  бакшишот обично е меѓу  1 ЕВРО и 5 ЕВРА по турист на ден.

4.      ВИЗЕН  РЕЖИМ  И  МЕДИЦИНСКИ  ПРОПИСИ И УСЛОВИ

  Визниот режим, во случај ако е потребна виза, даден е за секоја конкретна програма или одмор во декември 2016 година. Таа информација важи за лица со македонско државјанство. Ако имате друго државјанство, често треба да  поднесувате различни барања. Ве молиме информирајте се за нив во соодветната конзулска служба.

Согласно одредбите и условите на конзулските  одделенија, поднесувањето на сите документи не го  гарантира издавањето на виза, но е задолжителен услов за  аплицирање. Нивно   право  е директно  или преку агенцијата да бараат дополнителни документи. Агенцијата не е одговорна доколку дојде до откажување на визата. При откажување на визата стапуваат во сила  посочените услови за поништување на соодветното патување или одмор.

Агенцијата не е одговорна при воведување на визен режим за земјата, која е вклучена во програмата која ја избрале туристите. При евентуално откажување од патувањето поради воведување на визен режим , пред склучување на договорот, нарачателот  плаќа казна за откажување од патувањето, согласно условите на договорот.

Агенцијата максимално  помага   во процесот  на аплицирање и добивање на виза кај групните патувања/одмори со авион со исклучок на случаите каде е потребно лично да се појавите и поднесете документи во соодветните конзулски  служби/

Во случај кога агенцијата помага при поднесување на документите за добивање на виза,  потребно е таксата за виза да се плати целосно при склучување на договорот. При промена на цената на таксата за виза, агенцијата го задржува правото да ја промени  вредноста на доплатата кон веќе платената виза.

Во случај ако за конкретно патување  се побаруваат специфични медицински  и здравственни услови, тие се наведени во конкретната програма. Ако изрично не е дадена информацијата - нема медицински и здравствени барања, поврзани со патувањето.

 

4.1.  Државјани на други земји  треба самостојно да  ги проверат и исполнат  барањата за пасошки и визен режин во соодветните амбасади. При неисполнување на тие барања, агенцијата не е одговорна  и сите непријатности и штети, кои се случиле поради тоа се за сметка  на  оштетените.

 

5.      ХОТЕЛИ

Туристите се сместуваат во  хотели од категоријата на 5* до 3*, што конкретно е посочено за секоја програма. Категоријата на  хотелите се  одредува согласно локалниот стандард, но е различна во  одделни земји.  Не сите  хотели од  категорија 3* располагаат со клима уред, ладилник и телевизор. Во некои хотели користењето на клима уредот и телевизорот дополнително се плаќаат на рецепцијата на хотелот.

Туристот треба да има превид дека обично хотелските соби на денот на пристигнување се на располагање најрано од 14 часот, а на денот на одењето најдоцна до  11 часот. Ако пристигнете во хотелот порано можно е вашата соба сеуште да не е подготвена за сместување. Имајте во предвид дека основното чистење  бара одредено време. При постоење на услови можно  е сместувањето да биде порано.

Многу хотели  нудат  појадок, ручек и/или  вечера во форма на обилна и разновидна  шведска  маса. Така имате можност да комбинирате јадења по сопствен вкус. Ако  вашиот  хотел нуди „континентален појадок“, тоа значи појадок  од кафе, леб, путер и мармалад. Пред започнување или по крајот на сезоната можно е наместо шведска  маса да биде сервирано одредено мени. Или обратно - пред високата сезона некои хотели поминуваат од менито  бифе, на  вечера според  мени.

Понудата „all inclusive“ може да варира во зависност од  хотелот и распоредот, но  алкохолните пијалоци (во повеќето случаи локални) и безалкохолните пијалоци се вклучени  во цената и често се сервирани директно во чаша.

Бројот на обезбедени  лежалки и чадори за сонце во принцип  не одговараат на максималниот број  гости во хотелот. Во одделни случаи  би требало да се чека.

Хотелите кои се посочени во програмите може да бидат заменети со други од истата категорија, но промената на  средството за сместување не може да биде причина за откажување од патувањето на туристот.

5.1. Ако туристот патува самостојно, доплата за еднокреветна соба е задолжително.

5.2. При желба за сместување во трокреветна соба, туристите треба да имаат во предвид дека  третиот кревет претставува  кревет на склопување,  кауч на развлекување или  детско креветче (одноно не е редовен кревет). Додавањето на дополнителен кревет го намалува просторот во собата и  создава  неудобност на тројцата туристи. Не се препорачува за сместување на други туристи на  дополнителен кревет, освен на деца до  12 години.

5.3.  Во хотелите е потребно да се запази  тишината, чистотата, да не се оставаат остатоци од храна и шишиња. При користењето  на минибар, телефон или платен видео канал не заборавајте да ги платите тие услуги на рецепција.

5.4. Агенцијата не е одговорна за губењето на вредните предмети, пари и документи, оставени во собата на хотелот. Барањето на заборавени предмети во  хотелот е за сметка на туристот.

5.5. При исхрана со шведска маса вклучувајќи го и ручекот, не се дозволува изнесување на храната надвор од ресторанот на хотелот од било која причина. Во спротивно  се изрекуваат казни на лице место. Агенцијата не е одговорна за тоа.

 

5.6. За патувања на база на полупансион,  вечерата се нуди во ресторанот на хотелот, во кој се сместени туристите или  во негова непосредна близина.

 

5.7. Пијалоците (алкохолните и безалкохолните, за време на појадок, ручек или  вечера се плаќаат дополнително, освен ако изричито не е наведено дека  се вклучни во цената. Во некои  локали се нудат пијалоци без клиентот да ги нарачал по што му се  дава сметка.

 

5.8. Клима уредите не се секогаш со самостојна регулација, туку имаат централна регулација.

 

5.9.  Сместување на  прв или повисок кат се гарантира само со претходно писмено барање, со дополнително  плаќање и изричита потврда од страна на туроператорот.

 

5.10.  Соби со поглед на море / езеро/ парк / градина / базен се гаранираат кога постојат таккви, единствено  со претходно  плаќање од страна на  клиентот и соодветна потврда од туроператорот.

 

5.11. Пристап до интернет со неограничен лимит се нуди при технички можности на хотелот и претходно плаќање од страна на  клиентот и соодветна потврда од туроператорот.

 

6.      ТРАНСПОРТ  И  БАГАЖ

 

       Цените на сите програми  вклучуваат меѓународни летови во економска класа. Сите внатрешни летови се вклучени во цената  за вашето патување / одмор, освен ако не е друго посочено.

 

       Времето за полетување  ќе го добиете  при резервацијата. Во одредени случаи можна е промена на времето на полетување. Кога резервирате патување,  неговото потврдување ќе содржи детали за летот, кои  може да претрпат промени. Агенцијата не е одговорна за промена на  редот на летење од страна на авиокомпанијата, кои се направени по  извршената резервација. По настанатата промена на  распоредот на летење, агенцијата е должна на време да ве извести , но тоа не е основа за откажување од патувањето. Можно е доцнење на полетувањето, како пред самото патување, така и  по  пат кон првата дестинација од програмата или од враќањето, од најразлични причини како што се лошото време,  техничките проблеми, промените во  редот на летење во  последна минута, проблеми за безбедноста или друго. Секоја авиокомпанија има различна политика за такви ситуации во зависност од доцнењето. Повеќето  даваат  ваучери за јадење и пијалоци, обезбедуваат сместување за своите патници при поголеми задоцнувања.

 

       Треба да се јавите на аеродромот  за проверка барем 2 часа пред полетувањето кое е обележено  на билетот. На многу аеродроми не се исклучени  говорни соопштенија и е потребно  да  ги следите електронските табли за упатства. При доцнење или откажување на летот,  туристот треба итно да го извести туроператорот со цел  зачувување на максималниот  број елементи од договорениот  пакет.

 

       За секоја авиокомпанија во сила се барањата за максимално дозволена тежина на  багажот, посочена во  секоја програма. Подгответе го багажот во компактна состојба. Во случај на промена на максимално дозволената тежина на  багажот за конкретна авиокомпанија, агенцијата ќе ве известо навремено. Слична промена не може да биде причина за откажување на патувањето.

 

7.      МЕСТО НА  ПОАЃАЊЕ  И  МЕСТО  НА  ВРАЌАЊЕ

 

7.1.  Се заминува од  аеродром Скопје - терминал   ЗАМИНУВАЊА.

 

7.2.  Се доаѓа од  аеродром Скопје - терминал   ПРИСТИГНУВАЊА.

 

7.3.  Местото  на  тргнување и враќање може да се измени непосредно пред тоа од технички причини - демонстрации, штрајкови и  др., за што треба да оставите телефонски број за  известување.

 

Во случај одреден  лет да треба да се изврши од  аеродром, кој е различен од  потврденото, трошоците за превоз на патниците до алтернативниот аеродром е за сметка на авиокомпанијата.

 

8.      ВРЕМЕ  ЗА  РЕАЛИЗАЦИЈА

 

Сите објавени  часови се по локално  време. Сите објавени времиња на пристигнување се  ориентациони. Можни се доцнења поради  виша сила, непредвидени ситуации или  ситуации кои не зависат од нас - види т. 11. Во тие случаи агенцијата не е одговорна за  неискористените услуги или загубеното  време.

 

9.      ОСИГУРУВАЊЕ

 

9.1.  На сите туристи до 69 години им се обезбедува патничко осигурување од  лиценцираната осигурителна компанија „Кроациа осигурување“ кое е вклучено во цената на патувањето/одморот со лимит на одговорност, конкретно посочен за секоја програма.

 

Осигурувањето не ги покрива трошоците за стоматолошка помош, медицинските трошоци за хронични болести, трошоците при бременост, конпликации при  бременост и абортус и други кои не се вклучени во покритието на осигурувањето. При  патување за време на  бременоста се бара писмена  потврда од лекар, дека  лицето за кого станува збор може да патува во соодветниот период и  програма. Копија од сите услови од задолжителното осигурување „Помош при патување во странство“ е приложено кон секоја резервација.

 

9.2.  Туроператорот  склучил договор за осигурување „Одговорност на туроператорот“ со осигурителното друштво „САВА осигурување“ АД.

 

9.3.       Осигурување за кражба, губење или  доцнење на личниот багаж

 

Осигурувањето е доброволно и се нуди за доплата како дополнителен ризик на осигурувањето  „Помош при патување во странство“ на ЗК „Армеец“, кое покрива:

 

-          кражба на личен багаж - реална вредност на украдените предмети, а обесштетувањето за еден одделен предмет  не  може да надмине 100 евра или америкснаски долари и е до  400 евра или американски долари вкупно за сите предмети. Во случај на кражба на личен багаж, осигурениот е должен во рок од  24 часа да ја извести асистанс компанијата и локалните полициски органи. При непочитување на роковите осигурителот има право да  го откаже плаќањето  на обесштетувањата и износите.

-          губење на личен багаж - до 200 евра или американски долари за 1  парче изгубен багаж, но не повеќе од  400 евра или американски долари вкупно.

-          доцнење на личен багаж - на осигурениот му се плаќа обесштетување во висина на  50 евра или американски долари, кога доцнењето е меѓу 6 часа и 12 часа од моментот на пристигнување на крајната дестинација,  100 евра или американски долари во случај на доцнење од 12 до 24 часа и  400 евра или американски долариза доцнење над 24 часа. Тој ризик не се покрива за  последниот лет  за летови со претоварување, со кои осигурениот се  враќа во  Бугарија или во земјата на постојано  живеење.

 

10.   СПЕЦИЈАЛНИ  БАРАЊА

 

Потребно е да не информирате за сите ваши специјални барања пред да го склучите договорот за организирано патување, за да имаме можност да одговориме на нив. Може да треба да се направат трошоци, за да ги оствариме вашите специјални желби, како и за некои од нив да се јави потреба да се плати дополнителна цена, претходно или на лице место.

 

11.   ВИША  СИЛА, НЕПРЕДВИДЕНИ  СИТУАЦИИ  ИЛИ  СИТУАЦИИ КОИ  НЕ  ЗАВИСАТ  ОД  НАС

 

За време на патувањето како такви се сметаат влошени метеоролошките услови,  комплицираната ситиуација по патиштата, застои на граничните премини, давање на помош на турист, настани кои  загрозуваат дел  од програмата во врска со национални и религиозни празници, масовни  јавни мерки, штрајкови, военополитички  конфликти и ограничувања, природни непогоди, промена на работното  време на музеите и објектите, технички проблеми или хаварија на превозното средство непосредно пред патувањето или за време на патувањто и други исклучителни  случувања. Како виша сила или настан за време на патувањето или непосредно пред него се смета појава која  не може да се предвиди или избегне од страна на туроператорот или неговите контраагенти при  совесно извршување на нивните задолженија. Во тие случаи  го задржуваме правото на разместување на елементи и промени во програмата и дејства според конкретно  настаната ситуација, без агенцијата да биде одговорна и да должи казни за тоа.

 

12.   МИНИМАЛЕН  БРОЈ  НА  ТУРИСТИ

 

       Патувањата / одморите се спроведуваат со одреден минимум туристи, кој е посочен кон секоја понуда.

 

       Агенцијата  го задржува правото да го  анулира  датумот на патувањето во случај на недостиг  на одреден минимум на туристи за спроведување на програмата до 30 дена пред датумот на  поаѓањето. Во тој случај, агенцијата  ги враќа сите уплатени износи и не должи обесштетување или компензација за поништување на  наведеното патување. При недоволен број  туристи за организираното патување, нарачателот ќе биде известен писмено најдоцна до 30 дена пред посочениот датум за тргнување во договорот.

 

       Уплатениот износ ќе биде целосно вратен по  поднесување на сите издадени документи од канцеларијата, каде е запишан туристот.

 

13.   ЦЕНИ

 

Наведените  цени во каталогот  се  во сила за конкретно  посочени периоди на патување во  програмата. Цените на патувањата / одморите со авион се пресметани  со цени на авионски билети во економска класа  и  при одреден девизен курс кој е даден за секоја програма. Тоа претставува основна цена за еден  турист. Не постојат никакви други  усмени или писмени договори, претходни договори, описи на услуги или услови, кои се различни од опишаните во договорот.

 

14.   ДРЖАВНИ  И   ГРАДСКИ  ТАКСИ

 

Во некои држави, вклучени во овој каталог се плаќаат државни такси при пристигнување/заминување. Тие такси  се плаќаат на лице место од туристите. Во нашите понуди  се дадени ориентирачки вредности на таксите. Агенцијата не е одговорна при воведување на нови или зголемување на веќе постоечките државни такси.

 

Туристичката такса за престој, во случај да е воведена таква, посочена е во секоја конкретна програма. Таа такса се плаќа задолжително на лице место од страна на туристите на рецепцијата на хотелот.

 

Агенцијата не е одговорна при воведување на  туристичката такса за престој за град, кој е вклучен во програмата, избрана од  туристите, за која претходно не е  најавено  тоа. Воведувањето на таа такса по склучување на договорот за организирано патување не е основа за откажување на патувањето и  туристите треба да ја платат на лице место на рецепцијата на хотелот.

 

 

15.   ПОПУСТИ

 

Туристите користат еден од наброените попусти во програмата по свој избор.

 

15.1.  Деца - вредноста на попустот е дадена во конкретната програма, за која се нуди.

 

15.2. Редовни клиенти - ако сте патувале со нас на патување или одмор  во секоја од изминатите две години -  2017 г. и 2018 г. користите специјален попуст: 3% од основната цена на пакетот.

 

15.3.  ВИП  ФАМИЛИЈА - ИСКЛУЧИТЕЛНА ПОНУДА за семејства со деца до 18 години: 3 - 4 туристи - 3%, 5 и повеќе туристи - 4% за секој член од семејството од основната цена на пакетот.

 

15.4. За група од 8 туристи кои целосно плаќаат: контактирајте го Вашиот туристички агент .

 

За програми кои се со промотивни цени, не може да се користат други попусти.

 

 

Попустите не може да се комбинираат освен  оние за  рани резервации.

 

16.   ПРОМЕНИ ВО  ДОГОВОРОТ  ЗА  ОРГАНИЗИРАНО  ПАТУВАЊЕ; ОТКАЖУВАЊЕ  И  ПОНИШТУВАЊЕ

 

Сите промени и откажувања од патувањето се вршат лично до нарачателот, а се поднесуваат во  писмена форма во канцеларијата, каде туристот е запишан.

 

Крајниот рок во кој нарачателот им право да го откаже договорот без да сноси отказни трошоци за тоа е  10:00 часот првиот работен ден за туроператорот кој  следува по денот  на кој туристот  го склучил овој договор, ова право е во сила само во случај да не се издадени авионските билети за патувањето.

 

При склучување на договорот за организирано  патување во последен момент - во последните  9 (девет) дена  пред датумот на поаѓање, нарачателот нема право да се откаже  без да сноси отказни трошоци.

 

Промената на датумот или   насоката во договорот за организирано  патување се сметаат за откажување од патувањето. Во тој случај стапуваат во сила пенали и отказни трошоци како при откажување од патувањето.

 

Посочените услови се во сила за сите програми, освен ако во конкретната програма не е предвидено друго.

 

Агенцијата го задржува правото да го поништи патувањето на одделен турист при  давање на нецелосни, неточни и лажни документи или  непочитување на роковите за нивно предавање. Непојавувањето на  туристот за интервју во конзуслки оддел, кога тоа е потребно, се смета за  откажување од патувањето. Во тој случај стапуваат  на сила наведените отказни трошоци како при откажување на патувањето.

 

16.1. Отказни трошоци при откажување  на патувањето од страна на турист, независно од причините се, како што следува:

 

-          за групни авионски патувања во ОАЕ и Индија со водич: од денот кој следува по денот на запишување до  46 дена пред датумот на поаѓање - 35% од основната цена на патувањето; од 45 дена до денот на поаѓање - 100% од вкупната цена на патувањето;

-          за групни авионски патувања  со водич во Кина, Хонг Конг и Макао, Виетнам и Камбоџа, Мексико, комбинираната програма Дубаи и Шри Ланка: од денот кој следува по денот на запишување до  91 ден пред датумот на поаѓање - 35% од основната цена на патувањето; од 90 дена до  61 ден  пред датумот на поаѓање - 50% ид вкупната цена на патувањето; од 60 ден до денот на поаѓање - 100% од вкупната цена на организираното  патување;

-          За  групни  авионски  патувања со водич во земјите од ЕУ, Швајцарија,  Норвешка и  Грузија, Ерменија, Азербејџан, Израел и Мароко; групните авионски одмори во Шпанија, Италија и Португалија: од денот кој следува по денот на запишување до 31  дена пред датумот на поаѓање - 35% од основната цена на патувањето; од 30 дена до денот на поаѓање - 100% од вкупната цена на патувањето;

-          За индивидуалните авионски  патувања / одмори:   од денот кој следува по денот на запишување до денот на издавање на авионскиот билет, но не подоцна од   91 ден пред датумот на поаѓање - 10% од основната цена на патувањето; од 90 ден  до денот на издавање на  авионскиот билет - 35% од основната цена на патувањето; од денот на издавање на авионската карта до  46 дена пред датумот на поаѓање - 35% од вкупната вредност на патувањето  + вредноста на авионскиот билет и аеродромексите такси; од 45 дена до денот на поаѓање - 100% од вкупната цена на патувањето, вклучувајќи ја вредноста на авионската карта и аеродромските такси;

-          во случај на поништување на авионскиот билет трошокот е 100% од цената.

 

Наведените отказни трошоци се во сила освен ако во конкретната програма не е  посочено друго.

 

16.2. Рок, за кој  клиентот треба да ја извести агенцијата, дека своето патување го отстапува на трето лице: од денот кој следува на денот на запишувањето, до денот на издавање на авионскиот билет, но не подоцна од 91 ден пред датумот на поаѓање - без казна, ако не се измени  пријавеното сместување. Промената на сместувањето или  отстапувањето на трето лице по  90 ден се смета за откажување на патувањето и стапуваат во сила казните кои се предвидени при откажување на  патувањето.

 

17.   ОДНЕСУВАЊЕ  НА  ТУРИСТИТЕ

 

17.1. Пред патувањето - Агенцијата го здржува правото да го поништи, без предупредување патувањето на секоје лице, чие однесување е такво, според нас или друго овластено лице од нас, да предизвикува опасност, стрес, штета, гнев или сериозна непријатност на другите клиенти, службеници или партнери на агенцијата. На клиентот  му се враќа износот кој го платил до моментот.

17.2. За време на патувањето - Туристите треба  да ги почитуваат локалните обичаи, начинот на живот и правилното однесување. Може да ве казнат за фрлање на  ѓубре на улица, пушење или пресекување на неозначено место. Агенцијата го задржува правото да го откаже извршувањето на услугите за време на патувањето, вклучувајќи и целосно поништување на услугите до крајот на патувањето, на секое лице чие однесување  е такво, што според нас или друго лице овластено од нас или државен службеник (полицаец, царински или  граничен службеник)  предизвикува опасаност, стрес, штета, гнев или сериозна непријатност на другите клиенти, службеници или партнери на агенцијата. Агенцијата не должи  објаснување или казна за анулацијата, во случај  кога настанот кој  ја причинил анулацијата е документиран со записник, потпишан од страна на присутните  службени лица и туристи на лице место.

 

17.3. Туристите кои доцнат не се чекаат и на нив не им се надоместуваат услугите кои не се користени. Во сите случаи при  отстапување од програмата и непојавување во часовите кои се одредени од  водичот, туристот е должен да го пријави тоа на посочените телефонски броеви во ваучерот.

 

Во посочените случаи во  17.3 агенцијата не е одговорна за последиците и не ги враќа средствата за услугите кои не се користени.                                                                                      

 

18.   ФИЗИЧКА  И  ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА

 

За некои програми се бара соодветна физичка кондиција. Затоа е можно да се побара  да ја докажете вашата здравствена состојба пред  поаѓањето.

 

При  барање за почитување на условите, од срана на турист со алергии, потребно е тоа да се направи писмено  во т. а на договорот за организирано патување. По можност ако тие бидат исполнети туроператорот  ќе го потврди тоа  во писмена форма или  ќе  го поништи патувањето без отказни трошоци. Тоа барање може да се постави само  примарно при склучување на договорот.

 

19.   ПРОМЕНИ ВО ПАТУВАЊАТА / ОДМОРИТЕ

 

Агенцијата  го задржува правото за промена на редоследот на извршување на различните елементи од  патувањето/одморот. Во ретки случаи, некои елементи од патувањето може да бидат различни од објавените од причина лошо време, промена во политичката ситуација или едноставно промена во распоредот на полети, возниот ред на автобусите, фериботите или возовите.

 

20.   ТРАНСФЕРИ

 

Трансферите по програмите во каталогот се групни и претставуваат  групирање на туристите. Поради тоа, во ретки случаи, можно е да се чека на аеродромот до пристигнување на сите  туристи од групата.

21.   ОДГОВОРНОСТ И РЕКЛАМАЦИИ

 

Агенцијата целосно е одговорна за квалитетот на сите туристички услуги вклучени во програмата.

 

Во случај на промена на времето на извршување или содржината на услугите, кои се извршуваат од трети лица и кои се опишани на специјални документи за нивно извршување - авионски билети, билети за ферибот, автобуски билети за редовни автобуски линии,  билети за воз, агенцијата помага за да се  запази максималниот дел од туристичката програма. Во вакви случаи, меѓусебните односи со клиентот се базираат на конкретните услови, кои се опишани во превозните документи.

 

Агенцијата не е одговорна за пријавените и платените услуги за време на самото патување, независно од тоа дали  водичот  соработува во давањето на услугата или не.

 

Агенцијата не е одговорна за доцнење поради ситуации и несовладливи настани,  кои не зависат од нас.

 

Услуги кои не се користени по вина на туристот, не подлежат на компензација,  вредноста не им се  враќа и не претставуваат  опснова за побарување од негова страна.

 

Агенцијата не е одговорна:  во случај на крадење, губење или  заборавање на имот и документи на  туристите; при рекламација на услугите кои се избрани од туристите за  време на самото патување; при непочитување на законите на соодветната држава од страна на  туристите, независно од тоа дали се запознањени со нив или не; при инциденти и нанесени штети  на  хотели,  јавни објекти, превозни средства или на трети лица од страна на турист, кој  носи целосна материјална и морална одговорност, која се  утврдува на лице место.

 

Агенцијата не е одговорна пред туристот, во случај  ако поради  алкохолна  или наркотичка опиеност  туристот  го спречува исполнувањето на програмата.  Агенцијата не е одговорна и не должи никакви компензации или казни, ако поради хулиганско однесување на  туристот  агенцијата му го откажала  исполнувањето на  услугите или  било наложено да се отстрани целосно  од  туристичката програма, а тоа да се документира со записник од страна на  присутните  службени лица на лице место или од другите  туристи.

 

Агенцијата не е одговорна  пред  туристот во случај на губење на личниот багаж, документите, парите и вредните работи,  вклучувајќи ги и оставените во собата на хотелот. Во  такви случаи водичот и агенцијата му помагаат на оштетениот до степен до кој не се нарушува  туристичката програма на целата група. Сите трошоци за тие дејствија се за сметка на настраданиот.

 

Агенцијата не е одговорна пред туристот ако за време на патувањето неговата здравствена состојба се влоши и тој се разболи, вклучувајќи и во случај  тоа да налага болничко лекување. Одговорноста на агенцијата  се изразува преку патничкото осигурување со соодветниот лимит за несреќа, трошоци за спасување и медицински  трошоци.

 

При несоодветност на  туристичката услуга со претходно објавените услови на програмата,  туристот треба итно да го извести писмено или усно  водичот/претставникот на  страната за прием, посочена на врвот на ваучерот. Службеното лице, кое  ја примило рекламацијата е должно да ја документира  и  изричито да укаже  на датумот на нејзиното  предавање. Тие што ја примиле рекламацијата се стремат да ги решат  проблемите кои се појавиле на лице место.

 

Во случај причините за неизвршуавње на одреден елемент од програмата  да не биле решени  за време на самото патување, туристот има право во 14 - дневен рок  по  утврдување на неправилноста да поднесе рекламација.

 

Рекламациите се разгледуваат во рок  до 30 (триесет) дена од денот на нивното добивање.

22.   ТЕЛЕФОНСКА  ПОМОШ

Секој турист на Бохемија, кој патува по авионските програми, добива бесплатна услуга „Телефонска помош при заминување“ во последните два часа пред патувањето.