Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Општи услови за хотелски резервации

  1. Овие општи услови се однесуваат на сите за резервација на хотел направени преку www.bohemia.bg. Со една резервација можат да се резервираат до три соби во еден хотел. Резервацијата за повеќе од три соби треба да биде направена преку вашата агенција. Ако сакате да резервирате повеќе од три соби тоа не можете да го сторите по пат на неколку одделни резервации. Во случај сепак тоа да го направите агенцијата го задржува правото да ја наплати дополнителната такса или да ги анулира така направените резервации.

  2. Сите лични податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијата.

  3. Вашата резервација е валидна само по прием на ваучер испратен по факс или е-маил.

  4. Од кога одредена резервација ќе биде платена истата е обврзувачка. На сила стапуваат сите услови за промена и поништување на резервацијата. Во случај ако агенцијата не го добие износот на направената резервација во рок од 5 дена од нејзиниот почеток, таа има право да ја поништи резервацијата.

  5. Ако резервирате во последните 5 дена пред планираниот датум на престој, доколку има слободни места, треба да ја платите вашата резервација веднаш.

  6. Сите услови за плаќање поништување на конкретна резервација се дадени во писмена форма во соодветната најава на резервацијата.

  7. Секое поништување на конкретна резервација треба да се направи во писмена форма во канцеларијата каде што е платена. Во тој случај треба задолжително да го дадете бројот на рзервацијата.

  8. Крајната цена на резервацијата се однесува на од вас резервираните соби, нивниот број како и датумите на престој во хотелот и ги вклучува сите локални такси. Пансионот е даден во секоја конкретна резервација. Таму каде што во цената е вклучен појадок, ручек или вечера посебно е нагласено. Во случај ако има можност да се најави пансион преку дополнително плаќање тоа се нагласува во самата најава на резервацијата.

  9. При желба за сместување во соба со три лежаи туристите треба да имаат во предвид дека третиот лежај во повеќето хотели и други места за престој претставуваа помошен лежај ( не е редовен лежај). Дополнителниот лежај го намалува просторот во собата и создава непотребна неудобност за тројцата гости. Не се препорачува користење на дополнителниот лежај од други туристи освен деца до 12 години.

  10. Сите посебни потреби од страна на хотелот се потврдуваат на лице место од страна на самиот хотел. Ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото треба да се направи на лице место при престојот во хотелот.

  11. За деца до 12 години предвидени се специјални намаленија. За да ги користите таквите намаленија, неопходно е при самата резервација да најавите користење на такви намаленија како и датата на напуштање на хотелот. Во случај ако податоците за возраста на детето се неточни клиентот ја плаќа разликата до полниот износ на резервацијата.

  12. За деца под 18 години кои патуваат сами или со еден од родителите неопходна е нотарски заверена декларација од двата родители дека се согласни нивното дете да патува во странство и да се истакне телефонот од нотарот на самата декларација. Оригиналот и копија од декларацијата треба да се носи за време на патувањето. При неисполнување на овие услови агенцијата не сноси никаква одговорност и сите штети и неудобности кои произлегуваат од ова паѓаат на товар на клиентите.

  13. Категоријата на хотелите се определува според законодавните одредби на соодветната држава. Информацијата за услугите и конфорот кои што секој хотел ги нуди се осигурани од самите хотели со датумот на нивното вклучување во системот на резервација.

  14. Туристот треба да има предвид дека започнувањето на престојот во хотелите е по правило после 14 . 00 часот. Ослободувањето на собите по последното ноќевање е до 11.00 часот. Во случај ако предвидувате да го започнувате вашиот престој во избраниот хотел подоцна од 22.00 часот, потребно е лично да се јавите на рецепцијата на хотелот и да ги известите за тоа. Сите времиња се локални.

  15. Агенцијата не сноси одговорност за проблеми кои настануваат со присуство на домашни миленици, во случај ако таквите не се во писмена форма договорени во самата резервацијата.

  16. Агенцијата не сноси одговорност за загуба на облека, пари и документи оставени во собата на хотелот.

  17. Агенцијата не сноси одговорност за штети настанати при неисполнување или нецелосно исполнување на услугата при појава на непретпоставена или виша сила која што не може да се предвиди или избегне од страна на агенцијата или нејзините суб агенти ако истите совесно ги извршиле своите должности.

  18. Агенцијата не сноси одговорност за неточно потполнети обрзаци за резервација од страна на клиентот. Неправилното пополнување на името може да доведе пограничните служби да ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот.

  19. Агенцијата не сноси одговорност, не ги обештетува и не ги компензира туристите кои се откажале од користењето на услугата или на дел од неа. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

  20. Агенцијата не сноси одговорност пред туристот за неиздавање на виза кога тоа се бара. При поднесување на редовни документи и неиздавање на виза на туристот платените суми не се враќаат. При неиздавање на виза поради поднесување на непотполни или неточни документи, предходни криминални дејствија на туристот во соодветната земја, незапазување на роковите за поднесување на документите, како и не пријавување на интервју во конзуларните служби каде тоа се бара, услугата се поништува и се задржуваат предвидените пенали посочени во точките 6 и 7.

  21. Агенцијата не сноси одговорност за дејствија на погранични и царински служби, авиокомпании, автобуски и железнички превоз и не ги обештетува туристите независно од тоа дали поради таквите дејствија туристите неискористиле дел од услугите или целата услуга.

  22. При штети кои што се нанесуваат во хотелите конретниот извршител или извршители прифаќа/ат материјална одговорност за штетата на лице место кога тоа се бара од оштетениот. Агенцијата не прифаќа трошоци по тој основ и не е должна никакви компензации или обештетувања, при евентуална промена на графиконот и содржината на најавените услуги, вклучувајќи и туристи кои не се одговорни за настанатата штета, но услугата ја користат заедно со лицето кое е одговорно за штетата.

  23. Агенцијата не прифаќа трошоци поврзани со консумацијата за храна и пијалоци надвор од платениот пансион, независно дали тие се нарачани или не од клиентот.

  24. Клиентот има право во рок од една седмица по користењето на услугата да направи рекламација на услугата и тоа во писмена форма во кацеларијата каде истата резервација е извршена. Клиентот има право на компензација во износ на едно ноќевање. За рекламација на услуги избрани од туристите за време на самото патување агенцијата не сноси одговорност.

  25. Во случај на појавување на судски спор истиот се решава во надлежниот суд во Скопје.

 

Запознат сум со општите услови и истите ги прифаќам