Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Општи услови за резервирање и издавање на авионски билети

За сите патници важат клаузулите од Монтреалската конвенција, како и претходната Варшавска конвенција. Овие клаузули важат за целото патување, вклучувајќи ја секоја делница целосно во земјата на поаѓање или пристигнување. Важечката конвенција, како и дополнителните договори за превоз, вклучени под условите на тарифата, предвидуваат ограничувања за одговорноста на авиопревозникот.

Условите за превоз, вклучително но не само како казна за промена на резервацијата, дозволен багаж, поништување на билет и др., како и условите за користење на соодветната туристичка услуга се регулирани соодветно од специфичните услови на тарифата на соодветната авиокомпанија поради што нејзиното прифаќање од страна на корисникот е задолжителен услов за купување на авионски билет.

Побарувања по превозот на багаж: со писмено известување до авиокомпанијата кое треба да биде поднесено до 7 дена од приемот на оштетениот багаж, а во случај на задоцнување - до 21 дена од датумот на кој багажот е добиен од страна на патникот.

Не можете да патувате ако ги немате сите потребни документи (ПАСОШ ИЛИ ЖИЗА).

Властите во НЕКОИ ЗЕМЈИ можат да побараат од ВАШАТА авиокомпанијата да достават информации за Вашите лични податоци или да побараат пристап до овие информации.

БАГАЖ:

Авиокомпаниите применуваат различни правила за превоз на кршливи, вредносни или лесно расипливи артикли.

Чекиран багаж: Превозниците најчесто дозволуваат бесплатен превоз на одредена количина на багаж која самите ја одредуваат, чиј што лимит може да се разликува во зависност од класата и/или рутата. Екстра трошоци може да се наплатуваат за вишокот на чекиран багаж од дозволеното.

Кабински (нечекиран) багаж: Превозниците најчесто дозволуваат бесплатен превоз на одредена количина на кабински багаж, која самите ја одредуваат и чиј лимит може да се разликува во зависност од класата, рутата и/или типот на авионот. Се препорачува кабинскиот багаж да биде сведен на минимум.

ВРЕМИЊА ЗА CHECK-IN. Времето кое е наведено во планот на летот/потврдата е време на полетување на авионот. Времето на полетување не е време во кое морате да се чекирате за летот, ниту е време во кое морате да бидете подготвени за влегување во авионот (boarding). Вашиот превозник може да го одбие вашето влегување во авион доколку касните. Check-in времето, кое го наведува Вашиот превозник, е последното време по кое патникот може да биде примен за патување; времето на влегување во авионот, кое го наведува Вашиот превозник, е последното време по кое патникот мора да се појави за да влезе во авионот. 

ОПАСНИ ПРЕДМЕТИ (ШТЕТНИ МАТЕРИИ). Од безбедносни причини, опасни предмети не смеат да се наоѓаат во чекираниот или во кабинскиот (нечекиран) багаж освен ако тоа не е експлицитно дозволено. Опасните предмети ги вклучуваат, но не се ограничени на следните: компримирани гасови, корозивни материи, експлозивни материи, запаливи течности и запаливи субстанции, радиоактивен материјал, оксидирачки материјали, отрови, заразни субстанции и актенташни со вградени алармни уреди. Од безбедносни причини можат да се применуваат и други ограничувања. 

 

Патникот носи целосна одговорност за посочените од него податоци во интернет резервациски систем, вклучувајќи почетен и краен датум на патувањето, дестинации, превозник, цена, податоци за патниците и уплаќачот, согласноста со условите на тарифата.

 

Патникот мора да ги внесе имињата со латински букви, бидејќи тие се запишани во документот за идентификација со кој ќе патува. Кога внесувате двојно презиме и лични посложени имиња се внесуваат споени и без цртичка.