Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Историја

Т.А. „Бохемиа"-Скопje е генерален застапник на „Бохемија" – тур-оператор
со долга традиција на Балканот, со 18 свои агенциски деловници и над 800
застапници во Бугарија.
"Бохемија" - 
bohemia.bg - е основана во 1994 год. во Софија, како
тур-оператор и туристички агент. Од своето основање па до сега,
агенцијата се занимава единствено со вршење на агенциска и
тур-операторска активност. Долгогодишното искуство во понудата на
туристички и патнички услуги резултира со воведување на  квалитетни и
конкурентни новитети во туристичкото работење.

Денес, „Бохемија" ДООЕЛ е тур-оператор, специјализиран во организацијата
на културно-когнитивни туристички програми,екскурзии, одмори,  конгреси
и семинари, приватни  патувања и останати патнички услуги. БОХЕМИЈА е
наградувана два пати од страна на светски познатата организација за
сертификати ICERTIAS – International Certification Association – за
2015/2016 г. и за 2016/2017г. со престижната награда BEST BUY AWARD за
најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет во категоријата туристичка
агенција во Бугарија.

Тимот на Бохемија е награден и со уште едно големо признание за својата
работа од страна на светски познатата организација за сертификати
ICERTIAS – International Certification Association – тоа е наградата
QuDal – Quality Medal – 1-во место во категоријата туристичка агенција
во Бугарија.

Во 2010 година, Бохемија основа претставништво во Скопје од каде
дистрибутивната мрежа на агенти за Македонија овозможува на локалните
агенции да ги користат погодностите и бенефициите од соработката со
сериозен и искусен тур-оператор.Работејќи во мрежата на тур-оператор од
такво значење, ние сме во состојба да понудиме многу поволности за
соработниците и агентите.  Нашата дистрибутивна мрежа за Македонија
досега брои над 30 претставници – лиценцирани туристички агенции. Но
нашите можности не се лимитирани. Постојано сме отворени за нови
соработки, базирани пред се на квалитет и професионалност.