Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Пукет и Банкок - бисери на Тајланд, со водич од Бугарија

Гарантирани места!

Софија - Пукет - Банкок - Истанбул - Софија

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1

Поаѓање од Терминал 2 на аеродромот во Софија во 10:05 ч. за Истанбул со лет на „Turkish Airlines“. Слетување во Истанбул во 12:35 ч. Поаѓање за Пукет во 14:45 ч.

2

Слетување на аеродромот во Пукет во 04:00 ч. Трансфер до хотелот. Сместување. Појадок. Слободно време. По желба - во вечерните часови, посета на шоуто "Пукет Фантазија" со вклучена вечера (17:30ч. - 23:00ч.). Ова е најпопуларното забавно шоу на Пукет коешто комбинира програма во стилот на Лас Вегас со елементи на "Дизниленд" – исклучителен спектакл кој ја претставува тајландската култура и историја преку спектакуларни акробатски изведби, пиротехника и циркускa претстава со 30 слонови. За време на шоуто ќе можете да гледате демонстрации на занаети дури и да јавате слон. Гостите ќе можат да ги вкусат раскошните јадења на ресторанот “Голден Манора”, кој се наоѓа во истиот комплекс. За време на изведбата не е дозволено користење никакви средства за снимање. Ноќевање.

3

Појадок. Слободно време или по желба полудневен панорамски разглед на Пукет: најпознатите плажи на Пукет; Храмот “Чалонг” - најголемиот и најважен храм на островот Пукет; посета на фабриката за кашу и на прекрасната вековна палата - оваа екскурзија е разновиден преглед на историјата и знаменитостите на островот. Ноќевање.

4

Појадок. Слободно време или туристичка програма по желба: целодневна екскурзија "Џејмс Бонд и пошироко" со вклучен ручек (ок. 10 ч.). Оваа возбудлива екскурзија нуди на туристите можност да го видат уникатниот и импресивен пејзаж на заливот “Панг Нга” - еден од наjнеобичните и убави природни комплекси - природен декор на сцени од филмот "Човекот со златниот пиштол" од серијалот за Џејмс Бонд од 1974 год. Посета на пештерата на сладолед со бројните сталактити. Тука ќе можете да возите кану низ мистичното мангрово мочуриште во апсолутна тишина. Традиционалниот тајландски ручек ќе се служи во блиското село, каде што ќе го запознаете типичниот живот на мештаните. Слободно време до вечерта за плажа и одмор. Враќање на островот Пукет. Ноќевање.

5

Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до островите “Пи Пи” со моторен чамец и вклучен ручек (ок. 9,5 ч.). Екскурзијата вклучува посета на заливот “Лох Самах”, островот “Пи Пи” со познатиот залив “Маjа” каде е снимен филмот "Плажа" со Леонардо ди Каприо. Се предлага и можност за нуркање за набљудување на магичниот подводен свет. Посета и на Пештерата на Викинзите, каде се чуваат древни цртежи на ѕидовите. Потоа се продолжува со чамец до подморните гребени на “Хин Кланг”, каде што можете да нуркате. Последната станица на оваа екскурзија е малиот остров “Каи Наи”- најидеалното место за уживање и одмор на белата песочна плажа, пливање и нуркање. Обезбедени се и чадор и стол. Враќање на островот Пукет. Ноќевање.

6

Појадок. Трансфер до аеродромот во Пукет. Лет до Банкок. Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време. По желба, вечера со фолклорна програма во локален ресторан (околу 3 часа). Вечерата се одржува во типичен тајландски ресторан, каде ќе имате можност да уживате во автентична тајландска кујна, традиционални тајландски танци и исклучително тајландско гостопримство. Ноќевање.

7

Појадок. Туристичка програма во Банкок - Оваа популарна тура ќе ве однесе до тајните на будизмот во комбинација со бурниот градскиот живот. Градот е изграден по течението на реката “Чао Праја” во тајландски залив и територијата му е пресечена од повеќе канали. Историскиот центар на Банкок се наоѓа на островот “Ратанакосин”, на брегот на реката “Чао Праја”. Тука се наоѓа големата Кралска палата - прекрасно архитектонско ремек-дело и едно од тајландските национални знаменитости. Изградена во 18 век. oд страна на кралот Рама, дворецот бил центар на кралството во текот на 150 години, а денес се користи за спроведување на официјални церемонии. Во рамките на палатата е храмот на смарагдниот Буда, кој се смета за едно од најсветите места во земјата. Прошетка со чамец по долж на реката “Чао Праја” и каналите “Тонбури”. Овде ќе се запознаете со начинот на живот покрај брегот на реката, кој со децении не се променил. Пауза кај храмот "Ват Арун", изграден на западниот брег на реката “Чао Праја” - еден од најстарите храмови во Банкок кој стана симбол на градот и на државата. Слободно време. Вечерта, по желба вечера на брод за крстарење (ок. 3,5 ч.): Прошетката со бродот "Гранд Перл" ќе ви овозможи да се доближите до животот и културата на Тајланд, минувајќи покрај величествените храмови на Банкок, кои се наоѓаат на брегот на “Чао Праја”. Вечерата ќе се служи сервирана на бифе маса придружена со пијано музика. Ноќевање.

8

Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до пловниот пазар "Дамноен Садуак" со вклучен ручек (ок. 8,5 ч.). Оваа импресивна екскурзија ќе ве однесе до светски познатиот пловен пазар на “Дамнoен Садуак” кој се наоѓа на околу 100 км. западно од Банкок. По пат, можност за посета на “Тао Тан”, каде што се произведува традиционалниот кокосов шеќер и исклучителни керамички производи. Во хотелскиот комплекс „Sampran Riverside Aprime Country Resort“ ќе ви понудиме пријатен ручек. Ќе имате можност да се придружите на една од занаетчиските работилници пред да се вратите во Банкок. Ноќевање.

9

Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до старата престолнина “Ајутаја” со вклучен ручек во локален ресторан (околу 9,5 часа). Градот датира од средината на 14 век и брзо се развивал. “Aјутаја” доживува бурен процут во 17 в., кога Холанѓаните ја развиваат трговијата на море, што доведува до создавање не трговски односи со Кина, Индонезија и Европа. Во 1767 год. градот бил речиси целосно уништен од страна на бирманците. Денес само остатоците од населбите на странските трговци на бреговите на “Чао Праја”, потсетуваат на славното минато на градот. Екскурзијата започнува со посета на летната палата на кралот Рама V, познат под името "Банг Па-Ин" (во палатата има барање за пристојна облека). Следува разглед во историскиот дел на Ајутаја, кој беше вклучен во листата на светското наследство на УНЕСКО во 1991 година. Посета на храмот “Ват Пра Си Санпет”, познат по 3-те пагоди, каде што се верува дека се чуваат остатоците од тројцата кралеви. Посета на храмот на “Ват Махатат”. Враќање во Банкок. Трансфер до аеродромот. Заминување за Истанбул во 23:45 ч. со лет на авиокомпанијата „Turkish Airlines“.

10

Слетување во Истанбул во 06:05 ч. Поаѓање во 08:45 ч. за Бугарија. Слетување на аеродром Софија (Терминал 2) во 09:45 ч.

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло
вклучено во цената
Еднокреветна соба
+€267
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Туристичка виза за Тајланд (се плаќа со депозитот)
€70
Панорамски разглед на Пукет при минимум 10 туристи
€79
Целодневна екскурзија до островот "Пан Нга" со вклучен ручек при минимум 10 туристи
€115
Целодневна екскурзија до островите "Пи Пи" со вклучен ручек при минимум 10 туристи
€115
Посета на шоуто "Пукет Фантазија" со вклучена вечера при минимум 10 туристи
€85
Вечера со фолклорна програма во локален ресторан во Банкок (без вклучен трансфер) при минимум 10 туристи
€25
Вечера на брод "Гранд П’рл" по реката "Чао Праја’ во Банкок (со вклучен трансфер) при минимум 6 туристи
€66
Целодневна екскурзија до пловниот пазар "Дамноен Садуак" со вклучен ручек при минимум 10 туристи
€89
Целодневна екскурзија до "Ајутаја" со вклучен ручек при минимум 10 туристи
€89
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Истанбул - Пукет и Банкок - Истанбул - Софија на авиокомпанијата "Turkish Airlines" со вклучени сите такси, чекиран багаж до 30 кг. и рачен багаж до 8 кг.само за дата на поаѓање 22.04.2020 г. / Авионскиот билет Софија - Доха - Пукет и Банкок - Доха - Софија с вклучени аеродромски такси, чекиран багаж до 30 кг. и рачен багаж до 7 кг. на авиокомпанија "Qatar Airways" за сите други дати на поаѓање
Авионски билет Пукет - Банкок со вклучени аеродромски такси, чекиран багаж до 20 кг. и рачен багаж до 7 кг
Групни трансфери аеродром - хотел - аеродром
4 ноќевања со појадок во соби тип Deluxe во хотел "Patong Resort Hotel" **** (или сличен) во Патонг, Пукет
Рано пријавување со појадок на денот на пристигнување во Пукет
3 ноќевања со појадок во соби тип Superior во хотел "Narai Hotel" **** (или сличен) во Банкок
Панорамски разглед во Банкок со вклучен ручек
Локален водич
Водич-преведувач од Бугарија
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Дополнителни услуги и екскурзии според програмата; Виза за Тајланд
Виза за Тајланд
Бакшиши за возач / водич / пиколо: 3-5 USD на турист на ден (се плаќа задолжително на лице место)
Влезници за музеи, локалитети и настани , кои се посетуваат по желба
Трошоци од личен карактер и јавен превоз
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Цената на екскурзијата се пресметува во зависност од авионската карта за Пукет - Бангкок 4775 THB со аеродромски такси. При промена на цената на авионскиот билет, агенцијата го задржува правото да ја смени цената на пакетот во соодветната насока.
Цената на екскурзијата се пресметува со користење на девизниот курс: 1 USD = 1,7 BGN и 1 THB = 0,0277 EUR. При промена на цената на авио билетот и / или девизниот курс за повеќе од 6%, агенцијата го задржува правото да ја смени цената на патувањето во соодветната насока. Дозволено е фотографирање пред знаменитостите, но не и во зградите. Посетата на храмови бара соодветна облека (покриени колена и рамена) и собување на чевлите.
Можна е промена во редот на летовите од страна на авиокомпаниите.
Организаторот го задржува правото да ги менува правците и часовите или да премести патувања за друг ден, кога климатските услови го налааат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Екскурзијата се спроведува при минимум 15 регистрирани туристи.
Време: Софија - 12 ч; Банкок - 17 ч.
Локална валута - тајландски Бат (THB)
Девизен курс: 1 THB = 0,05 лева; 1 THB = 0,0277 EUR
Места за сите дополнителни екскурзии и услуги се загарантирани при резервација и плаќање во канцеларија.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Не постојат медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно пасошки режим
Македонските граѓани кои патуваат во земјата треба однапред да извадат виза. Агенцијата посредува со аплцирање за истата. За таа цел се потребни следните документи: пасош валиден минимум 6 месеци по датумот на влегување во земјата, пополнет формулар за виза, 1 актуелна слика во боја, копија од авионските билети. На пасошот не треба да недостасуваат страници или истите да бидат оштетени.
Патувањето се спроведува при минимум 15 регистрирани туристи.
Други програми за Тајланд »