Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

ПОРТУГАЛИЈА - ЛИСАБОН И ОСТРОВ МАДЕИРА

Софија – Лисабон – Фуншал – Лисабон – Софија

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаЛисабон

Поаѓање од аеродромот во Софија во 20:50 ч. со лет на авиокомпанијата "Bulgaria Air" за Лисабон. Пристигнување во 23:00 ч. на аеродромот во Лисабон. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

2
ЛисабонФуншал

Појадок. Напуштање на хотелот. Во 8.30 ч. - панорамски разглед на Лисабон со локален водич (вклучен во цената): плоштад "Маркеш де Помбал"; кварт “Баиша”, реставрирана по земјотресот во 1755г., со плоштадите "Росиo", "Фигеира" и "Комерсио", Статуата на морепловци, кулата "Белем" и манастирот "Жеронимуш", кој е сметан за ремек-дело на португалската мануелска уметност, чиј основоположник е кралот Мануел. Трансфер до аеродромот. Лет до островот Мадеира во 15.20 ч.. Слетување во Фуншал во 17.05 ч. Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

3
Фуншал

Појадок. Полудневна туристичка програма во Фуншал со локален водич (вклучена во цената): стариот град со земјоделскиот пазар, нудејќи разновидност на локални производи - од прекрасни цвеќиња, свежо овошје и зеленчук, до свежа риба и рибни деликатеси. Голем интерес буди главниот плоштад кој е поплочен со црни и бели базалтни плочи. Друга атракција е зградата на општината - куќа од 18 в. која ја задржала елеганцијатата до денес. Во Музејот на светите уметности е сместена Епископската палата. На плоштадот е Црквата на Језуитите од 17 в. Во близина е и катедраата "Успение Богородично" - првата епископална црква во прекуморските територии на Португалија, завршена во 1514 год. Следува посета на паркот "Градината на св. Катарина", кој се наоѓа на брегот и кој шармира со убавите цвеќиња и зеленило. Уште едно обележје на градот е Палатата “Сао Лоуренсу”, тврдина од 18 в. која сеуште ја користи војската. Слободно време (потребен е локален и градски превоз). Туристичка програма по желба: Полудневна екскурзија "Еира до Серадо". Екскурзијата започнува со краток одмор на панорамскиот видиковец “Пико Дош Барселош” (335 м), каде што можете да уживате во прекрасниот поглед на заливот на Фуншал. Рутата продолжува кон “Еира до Серадо” (1094 м), со импресивни глетки на околните планини и долината на “Курал даш Фреираш” - мало село развиено на кратерот на неактивен вулкан. Следната пауза е во Монте - село во околината на Фуншал, познато со бујната вегетација и црквата "Пресвета Богородица од Монте" - покровителка на островот. Тука е погребан последниот австриски император Карл Франц Јозеф. Друга популарна атракција тука е спуст со тобоган од плетена ракита, кој во минатото се користел за превоз на дрвен материјал од планината (со доплата на лице место - околу 25 евра по турист). Враќање во хотелот. Ноќевање.

4
Фуншал

Појадок. Слободно време за плажа или туристичка програма по желба: еднодневна екскурзија "Најдоброто од источниот дел на островот - Сантана". Заминување од хотелот кон Камаша - убаво мало село, познато како "селото на кошничарите" лоцирано на неколку километри по ридовите источно од Фуншал, позат по фестивалот на јаболката, кој се одржува во октомври. Следува “Пико до Ариеиро” - трет по височина врв на островот и една од задолжителните станици на островот, од каде се откриваат неверојатни глетки на поголемиот дел од Мадеира. Од тука, рутата продолжува кон “Рибеиро Фрио” - природен парк, во кој е сочувана оригиналната вегетација на островот. Прошетка до панорамскиот видиковец (околу 45 мин.) со прекрасен поглед на долината на “Рибеира да Метаде” и Фајал - мало живописно село на североисточниот брег на островот, кое го носи името на локален вид бука (Myrica Faya). Следната станица е “Кеимадаш” - природен парк, во кој е зачувана природната за островот лаврова гора. Последната станица е Сантана, позната по своите куќи со карактеристични сламени покриви. Слободно време за ручек. Поаѓање кон панорамски видиковец “Понта де Сао Лоуренсу” во источниот дел на островот, каде се открива прекрасен пејзаж. Враќање во хотелот. Ноќевање.

5
Фуншал

Појадок. Слободно време за плажа или туристичка програма по желба: еднодневна екскурзија "Најдоброто од западниот дел на островот - Порто Мониш". Нашата прва станица е кај “Пико да Торе”, каде се открива прекрасен поглед на живописното рибарско село Камара дe Лобош лоцирано западно од Фуншал. Следува искачување до “Кабо Жирао” (580 м) - највисокиот ‘рт во Европа и втор по височина во светот (влезница за панорамскиот видиковец се плаќа дополнително - околу 2 EUR на турист). Рутата продолжува на запад со посета на фасцинантното селце Рибеира Брава. Следната станица е панорамски видиковец "Енкумеада", која се издига на височина 1007 метри, на гребенот на планината. Пејзажот, кој се открива кон длабоките долини на Рибеиро Брава на јужното крајбрежје и Сао Висенте на северното крајбрежје е неповторлив. Екскурзијата продолжува кон Сао Висенте - едно од најубавите и романтични села, сместено во северниот дел на островот. Следната станица е Порто Мониш, познат по своите природно формирани од ладна лава базени. Патот поминува низ енигматичен предел со расфрлани водопади.. Слободно време за ручек. Рутата на враќање минува низ најголемото плато на Маидера Паул да Сер - дел од Лавровите шуми на островот, вклучени во листата на светското наследство на УНЕСКО. Враќање во хотелот. Ноќевање.

6
Фуншал

Појадок. Слободно време за плажа или туристичка програма по желба: еднодневна екскурзија во југозападниот дел на островот. Поаѓање кон Понта до Сол, живописно селце, сместено на рид со поглед кон океанот и кон “Мадалена до Мар” за кратка прошетка меѓу дрвјата со банани. Следува Калета - фасцинантно место, познато по тоа што тука се наоѓа една од ретките песочни плажи на островот и најстарата мелница за шеќерна трска на островот Мадеира, користена за производство на ракија и мед, која работи само еднаш годишно, за да произведува квалитетен рум и шеќерен сируп. Слободно време за ручек. Рутата продолжува кон реон “Празереш”, опкружен со зелени долини и планини, и “Пол до Мар” - рибарско село, познато по своите одлични услови за сурфање и впечатливите залези, до панорамата “О Пресипио”. Краток одмор кај магичната Фажа да Овелја каде што времето се чини дека е запрено. Последна станица е “Понта до Парго” - најзападната точка на островот, каде што, освен неверојатни глетки кон огромниот океан и пресечениот пејзаж, се посетува светилник од 1922 год., кој се издига на 312-метарска карпа. Музејската изложба содржи неколку предмети, фотографии и документи поврзани со светлата на Мадеира, кои се исклучително важни за историската меморија на архипелагот. Враќање во Фуншал. Ноќевање.

7
ФуншалЛисабон

Појадок. Напуштање на хотелот (багажот се остава во соба за багаж во хотелот). Слободно време. Трансфер до аеродромот. Лет до Лисабон во 14.40 ч. Слетување во португалската престолнина во 16.15 ч. Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

8
Лисабон

Појадок. Напуштање на собите во хотелот (багажот се остава во соба за багаж во хотелот). Слободно време (потребно е користење на градски превоз) или туристичка програма по желба: полудневна екскурзија до Синтра и Кабо да Рока. Поаѓање за Синтра - прекрасен град на самовили и добри волшебници, летна резиденција на португалското кралско семејство од 12 в., вклучена во листата на УНЕСКО за светско културно и природно наследство во 1995 год. Можност за индивидуална посета на палатата "Пена" во Синтра. Посета на Кабо да Рока - прочуените португалски морепловци тргнале од тука кон непознатото, за да откриваат нови земји, да добијат слава, богатство и престиж. Враќање во Лисабон. Слободно време во Лисабон (неопходно е користење на градски превоз). Трансфер до аеродромот. 

9
Софија

Поаѓање за Бугарија во 00:05 ч. со лет на авиокомпанијата "Bulgaria Air". Пристигнување на аеродромот во Софија во 06:00 ч.

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло
вклучено во цената
Еднокреветна соба
+€255
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Полудневна екскурзија до Синтра и Кабо да Рока со локален водич (без вклучени влезници) на турист при минимум 20 туристи
од 11 г.
€25
од 0 г. до 10 г.
€22
Полудневна екскурзија "Еира до Серадо" (без вклучени влезници) на турист при минимум 20 туристи
од 11 г.
€25
од 0 г. до 10 г.
€22
Еднодневна екскурзија "Најдоброто од источниот дел на островот - Сантана" (без вклучени влезници) на турист при минимум 20 туристи
од 11 г.
€49
од 0 г. до 10 г.
€46
Еднодневна екскурзија "Најдоброто од западниот дел на островот - Порто Мониш" (без вклучени влезници) на турист при минимум 20 туристи
од 11 г.
€49
од 0 г. до 10 г.
€46
Еднодневна екскурзија во југозападниот дел на островот (без вклучени влезници) на турист при минимум 20 туристи
од 11 г.
€49
од 0 г. до 10 г.
€46
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Лисабон - Софија на авиокомпанијата "Bulgaria Air", со вклучени аеродромски такси, рачен багаж до 10 кг и чекиран багаж до 23 кг
Авионски билет Лисабон - Фуншал - Лисабон на авиокомпанијата "TAP Air" со вклучени аеродромски такси, рачен багаж до 8 кг (115 см) и чекиран багаж до 23 кг. (158 см)
Трансфер аеродром - хотел - аеродром во Лисабон
Трансфер аеродром - хотел - аеродром на островот Мадеира
2 ноќевања со појадок во хотел "Vip Arts" 4* / "Vip Executive Eden" 4* (или слични) во Лисабон
5 ноќевања со појадок во хотел "Raga" 4* (или сличен) на островот Мадеира
Панорамска обиколка во Лисабон со локален туристички водич
Полудневната туристичка програма во Фуншал со локален туристички водич
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Водач - преведувач од Бугарија
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса во Лисабон: 2 евра на турист на ден (се плаќа индивидуално од туристите на рецепција во хотелот)
Дополнителни екскурзии
Бакшиш за возач / водич (2 евра на турист на ден - се плаќаат на лице место)
Влезници и билети за посетените локации за време на дополнителни екскурзии
Тобогански спуст (25 евра - се плаќа на лице место)
Билет за лифт до или од Монте (11 евра по насока)
Влезници за Ботаничка градина во Фуншал (6 евра) и влезници за панорамскиот видиковец Кабо Жирао (околу 2 евра на турист)
Влезница за замокот "Пена" (14 евра, за деца - 12 евра)
Јавен превоз до замокот "Пена" во Синтра (5 евра)
Влезници и билети за други музеи, локалитети и настани кои се посетуваат по желба
Градски и локален транспорт
Трошоци од лична природа
За лица над 65 год., автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Со цел да се реализираат дополнителните услуги и настани во рамките на програмата, потребно е да се побараат при склучување на договорот за организирано патување, бидејќи нивното спроведување е поврзано со првичните резервации.
Авиокомпанијата го задржува правото да го смени времето на летот.
Екскурзијата се спрведува при минимум 34 туристи!
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Не постојат медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно пасошки режим
Македонските државјани кои патуваат во земјата треба да имаат важечки пасош најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата.
Други програми за Португалија »