Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Одмор во Шпанија, Коста дел Сол - Специјална програма за одмор за сите возрасти!

Гарантирани места!

Софија – Малага – Фуенхирола – Кордоба – Гранада – Танжер – Севиља – Гибралтар – Ронда – Малага – Софија

Одмор со авион
8 дена

Хотел "Fuengirola Park" ****, Фуенхирола

(www.hotelfuengirolapark.es)

Хотелот е лоциран во непосредна близина на прекрасната плажа Лас Гавиотас (200 м), во туристичката зона на Фуенхирола. Во близина на хотелот се наоѓа постојка на градскиот транспорт.

Во хотелот: надворешен базен, градина, спа центар, ресторан, кафе, бар, лоби бар, детско игралиште, соба за игри, бесплатен Wi-Fi во лобито.

Во собите: клима, телевизор, бања, фен, сеф (со доплата), балкон.

Максимален капацитет за сместување во двокреветна соба: 2+1

Плажа: чадори и лежалки со доплата (ориентациона цена: 5/7 евра од ден за лежалка или чадор)

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
Наведените цени се за едно лице за соодветното сместување.
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаМалагаФуенхирола

Со лет на авиокомпанијата "Wizz Air": Поаѓање од аеродромот во Софија во 6,30 ч. со директен лет за Малага. Пристигнување на аеродромот во Малага. Поаѓање за Михас и пешачка прошетка (вклучена во цената) во историскиот центар на населбата. Пред помалку од 100 години бил мало рибарско село, но по Втората светска војна, туризмот во Шпанија започнува да се развива и огромно количество патешественици доаѓаат во Михас, бидејќи малото село восхитуваа со своите бели куќички по ридовите над морето. Романсата на традиционалното рибарско селце го привлекла дури и самиот Салвадор Дали. Трансфер до хотелот. Ручек. Сместување. Слободно време. Вечера. Ноќевање.


Со лет на авиокомпанијата "Ryan Air": Поаѓање од аеродромот во Софија во 11,00 ч. со директен лет за Малага. Пристигнување на аеродромот во Малага. Трансфер до хотелот. Сместување. Ручек (сув пакет). Поаѓање за Михас и пешачка прошетка (вклучена во цената) во историскиот центар на населбата. Пред помалку од 100 години бил мало рибарско село, но по Втората светска војна, туризмот во Шпанија започнува да се развива и огромно количество патешественици доаѓаат во Михас, бидејќи малото село восхитуваа со своите бели куќички по ридовите над морето. Романсата на традиционалното рибарско селце го привлекла дури и самиот Салвадор Дали. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

2
ФуенхиролаКордоба

Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Кордоба - поаѓање во 7:00 ч. од хотелот. Пристигнување во Кордоба - уникатен град познат по својата архитектура - симбол на арапската и еврејска култура. За време на турата ќе ја посетиме катедралата "Успение на Пресвета Богородица", позната како "Мескита де Кордоба" – главна знаменитост во градот и чудесен пример за мавританската и ренесансна архитектура, Еврејскиот кварт и Римскиот мост. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

3
Гранада

Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Гранада – поаѓање во 7.50 ч. од хотелот. По пат - кратка пауза во Рифрио или Лоха. Пристигнување во Гранада - слободно време за посета на Кралскиот параклис (по желба), изграден по наредба на Католичките кралеви во 1504 год. Заминување за дворецот "Аламбра" - најголемиот споменик на арапската култура во Шпанија - тврдина и архитектонски комплекс. Посета на познатите градини "Хенералифе" - летната резиденција на Насридските емири. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

4
Танжер

Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Танжер - поаѓање во 7.00 ч. од хотелот за Тарифа. Заминување со траект за Танжер - еден од најголемите и важни економски и транспортни центри на Мароко. Панорамска обиколка на градот: ‘Рт Еспартел, Касбах. Прошетка во стариот дел со можност за шопинг. Ручек во традиционален марокански ресторан / без вклучени пијалоци /. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

5
Севиља

Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Севиља - поаѓање во 7:00 ч. од хотелот. Попатно се поминува покрај типични за Андалузија населби како Антекера, Ла Рода, Естепа и Осасуна. По пристигнувањето во Севиља се посетува Севилската катедрала, изградена во 15 век. Во црквата се чуваат неколку реликвии и богатства, вклучувајќи слики на Муриљо, Диего Веласкез, Франсиско де Сурбаран и Гоја. Пешачка прошетка во стариот еврејски кварт Санта Круз со тесни улици, фонтани и внатрешни дворови, кои потсетуваат на минатото и ја чуваат еврејската култура. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

6
Гибралтар

Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Гибралтар со поаѓање во 8:00 ч. од хотелот. Гибралтар е британска прекуморска територија. Единствената населба е градот Гибралтар, поделен на 7 големи населени места. И покрај малата површина, претставува живеалиште на животински и растителни видови кои се карактеристични само за овој дел од планетата. Обиколка на Гибралтарските карпи, од каде што можете да уживате во прекрасен поглед на Гибралтарскиот проток и Мароко. Посета на пештерата Свети Михаил, каде што можете да го видите познатиот мајмун берберски макак. Слободно време. На враќање кон хотелот, пешачки прошетка во Марбеја: Портокаловиот плоштад со прекрасната црква "Христос на љубовта"; слободно време за посета на бутици, ботаничката градина со 10 светски познати статуи на Салвадор Дали. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

7
Ронда

Појадок. Слободно време или по желба полудневна екскурзија до Ронда. Ронда, нарекувана "Душата на Андалузија" е античка населба, врз која свој белег оставиле феникијци, картагенци, романи и муслимани. Градот се наоѓа на рид, исечен од кањон над реката Гвадалевин, од каде што куќите изгледаат живописно. Ронда е романтичен град, привлекол внимание на многу поети и писатели од XIX и XX век, како Вашингтон Ирвин, Проспер Мериме, Форд и Доре. Една од приказните за градот го инспирираше Хемингвеј да ја напише книгата "За кого бие камбаната". Пешачка прошетка во стариот дел на градот, вклучувајќи: најстарата арена за борба со бикови "Плаза де торос", новиот мост, арапскиот мост над кањонот. Програмата завршува со дегустација на типични андалузиски вина во Музејот на виното или во живописното гратче Сетенил де ла Бодега во близина на Ронда. Слободно време. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

8
МалагаСофија

Со лет на авиокомпанијата "Wizz Air": Појадок (сув пакет). Трансфер до аеродромот во Малага во 7,30 ч. Поаѓање за Бугарија со директен лет. Пристигнување на аеродромот во Софија.


Со лет на авиокомпанијата "Ryan Air"Појадок (сув пакет). Трансфер до аеродромот во Малага во 04,00 ч. Поаѓање за Бугарија во со директен лет. Пристигнување на аеродромот во Софија.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Целодневна екскурзија до Ронда и Сетенил при минимум 30 туристи
от 11 г.
€54
от 4 г. до 10 г.
€33
Целодневна екскурзија до Гранада (со дополнителна потврда, Ве молиме за навремена резервација) при минимум 30 туристи.
от 11 г.
€76
от 4 г. до 10 г.
€63
Целодневна екскурзија до Севиља при минимум 30 туристи.
от 11 г.
€70
от 4 г. до 10 г.
€54
Целодневна екскурзија до Гибралтар при минимум 30 туристи.
от 11 г.
€66
от 4 г. до 10 г.
€55
Целодневна екскурзија до Кордоба при минимум 30 туристи.
от 11 г.
€62
от 4 г. до 10 г.
€45
Целодневна екскурзија до Танжер / вкл. ручек - без пијалоци / при минимум 30 туристи.
от 11 г.
€118
от 4 г. до 10 г.
€93
Пакет од три патувања: целодневна екскурзија до Гранада, целодневна екскурзија до Севиља и целодневна екскурзија до Кордоба (на бугарски јазик и со дополнителна потврда) со минимум 30 пријавени туристи.
от 11 г.
€184
от 4 г. до 10 г.
€144
Специјална понуда: Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување (цена на турист при сместување во двокреветна соба)
€23
Специјална понуда: Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување (цена на турист при сместување во еднокреветна соба)
€35
Чекиран багаж до 10 кг (во двете насоки) на турист - цената подлежи на дополнителна потврда кон моментот на побарување
€74
Чекиран багаж до 20 кг (во двете насоки) на турист - цената подлежи на дополнителна потврда кон моментот на побарување
€110
Доплата за Priority Boarding (на турист)
€63
Доплата за соседни седишта за летот Софија - Малага - Софија (на турист)
€40
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за дополнително осигурување.
€0
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет за директен лет Софија - Малага - Софија на авиокомпанијата "Ryanair"/"Wizz Air" со вклучени аеродромски такси и мал рачен багаж до 10 кг. со димензии 40/20/25 см
Групен трансфер аеродром - хотел - аеродром
7 ноќевања на база збогатен полн пансион на шведска маса (појадок, ручек и вечера + 1/4 вино и минерална вода за ручек и вечера) во хотел "Fuengirola Park" **** (или сличен) во Коста дел Сол
Полудневна екскурзија со водич на бугарски јазик до населбата Михас
Асистенција за време на целиот престој
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Чекиран багаж до 10 кг. или 20 кг.
Влезници за музеи, објекти и настани за време на екскурзиите и други кои се посетуваат по желба
Дополнителни услуги и екскурзии по програмата (При резервации на лице место екскурзиите се плаќаат во евра!)
Користење на градски и локален превоз
Трошоци од личен карактер
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
Такса за гориво за воздушен транспорт
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Начин на плаќање: при резервација - 35% од вкупниот износ; доплата до 100% - до 36 дена пред датумот на поаѓање.
Услови за откази: до 36 дена - 35% од основната цена; од 35 до 1 дена - 100% од вкупната цена.
Деца под 2 години плаќаат само аеродромска такса за летот - (цена на барање).
Намалувањето за деца е валидно за возраст од 2 полни години до 11 неполни години!
Максимален капацитет за сместување во двокреветна соба: 2+1
За време на целодневните ексурзии не следува ланч пакет!
Редоследот на спроведување на екскурзиите се дефинира на место.
Организаторот го задржува правото да менува часови или да го помести патувањето за друг ден, кога климатските услови го налагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Препорачливо е претходна резервација и плаќање на екскурзиите. Ако има слободни места, екскурзиите може да се резервираат на лице место и да се платат во евра. Цените на дополнителни екскурзии резервирани на лице место се повисоки!
Важна информација: За патување до Танжер и Гибралтар за македонски граѓани е потребна виза!
Авиокомпанијата го задржува правото да го менува распоредот на полети.
Медицински и здравствени услови:
Нема медицински и здравствени услови, поврзани со патувањето.
Визно-пасошки режим:
Биометриски пасош со рок на важност подолг од планираниот престој во странство. За одредени држави е потребно патната исправа да има валидност најмалку 6 месеци подолга од почетниот период на патување.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Програмата се спроведува со минимум 50 туристи.
Tакса за гориво при поскапување на горивото: Цените на горивата се пресметуваат врз основа на котација на горивото (962 USD / тон и курс USD / EUR 1,13). Во случај на зголемување на цената на горивото - пресметано во евра - до 9,99%, компанијата ќе го сноси поскапувањето на сопствен ризик. Во случај на зголемување на цената на горивото - пресметано во евра - еднакво или над 10%, компанијата го задржува правото да воведе такса за гориво. Висината на таксата за гориво за двонасочни патувања по турист со поскапување на горивото од 10-19,99% ќе изнесува 8,40 EUR. При секое следно зголемување на горивото за 10%, износот се мултиплицира.
Други одмори во Шпанија »