Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Нова година во ЕГИПЕТ - 7 ноќевања во Хургада

7 ноќевања на база Аll Inclusive во избраниот од Вас хотел во Хургада! Рани резервации до 29.08.2019 г.

Софија – Хургада – Софија – Хургада – Софија

Одмор со авион
8 дена

Хотел Seagull Beach Resort 4 *

Локација: Хотелот се наоѓа на 10 км од аеродромот, во центарот на Хургада, на брегот на морето. Во близина на хотелот има бројни кафулиња, ресторани и продавници.

Во хотелот: трговски центар, менувачница, перална и хемиско чистење, интернет кафе, изнајмување опрема за нуркање, 2 главни ресторани Клеопатра и Нефертити со услуга на шведска маса, кинески ресторан а-ла-карт, лоби бар, бар Марк Антониј, 2 ресторани на плажа, диско клуб.

Во собите: клима, ТВ, телефон, мал фрижидер, балкон, бања со када или туш, фен.

За деца: базен, игралиште, клуб.

Забава и спорт: аква парк, 5 базени, дневни и вечерни спортски активности, диско, нуркање, виндсурф, чамци за риболов и прошетка, фитнес, тенис, сквош, пинг-понг, билијард, 2 кино сали, наргиле, скијање на вода , салон за убавина, фризер, турска бања, сауна, џакузи.

Плажа: песочна, душеци, крпи за плажа. Бесплатно користење чадори и лежалки на плажа и околу базенот.

 

 

Хотел Sunny Days El Palacio 4*
Локација: Хотелот се наоѓа на брегот на Црвеното Море, на околу 3 км. оддалеченост од центарот на Хургада и 10 км. од аеродромот.

Во хотелот: 825 соби, неколку ресторани, пицерија, барови, отворен базен, забавна програма од 20: 00-24: 00, салон за убавина, шопинг центар, интернет кафе, конференциска сала, клуб за деца, базен за деца, СПА центар, меѓународен центар за нуркање, билијард и разни анимации.

Во собите: бања со туш или када, сателитска ТВ, телефон, сеф, клима уред, балкон или тераса.

Плажа: песочна со корален гребен, бесплатни чадори и лежалки, душеци и крпи за плажа. Бесплатно користење чадори и лежалки околу базенот.

  

 

Хотел Stella Di Mare Beach Resort 5*
Локација: Хотелот се наоѓа во близина на заливот Макади во Хургада, на околу 150 метри од плажа. Аеродромот се наоѓа на 30 км. од хотелот, а центарот на Хургада - 35 км.

Во хотелот: ресторани и барови, СПА центар, фитнес центар, салон за убавина, вкупно 5 базени - од кои 2 се за деца, детски клуб, рум сервис, паркинг, продавници, тениско игралиште, мини голф (со доплата), билијард (со доплата), пинг-понг, вечерна шоу програма, диско, конференциска сала, банкомат и шатл-автобус до Хургада.

Во собите: телефон, клима, сателитска ТВ, сеф, мини бар (со доплата), бања со туш или када, пегла (на барање), балкон или тераса.

Плажа: приватна песочна со чадори, лежалки и крпи за плажа. Бесплатно користење чадори и лежалки околу базенот.

 

 

Хотел Desert Rose Resort 5*
Локација: на брегот на Црвеното Море, на само 15 минути со автомобил од аеродромот во Хургада. Desert Rose Resort е хотел со 5* на површина од 300.000 квадратни метри, кој нуди сместување во 872 пространи соби и 40 апартмани со поглед на градина, аква парк или море.

Во хотелот: конференциски центар, градина, барови, ресторани, како и 4 базени, аквапарк и разни спортски и забавни објекти, вклучувајќи тенис игралиште, пинг-понг, фитнес и СПА центар. За најмладите посетители на хотелот има детски базен и анимација.

Во собите: купатило, фен, клима уред, мини бар, сеф, ТВ и балкон.

Плажа: Хотел "Desert Rose Resort" 5 * им нуди на своите гости 1 км. девствена плажа и 40.000 квадратни метри природна лагуна со златни песоци. Употребата на чадори и лежалки на плажа и околу базенот е бесплатна. 

 

Хотел Hilton Hurghada Resort 5*
Локација: Хотелот се наоѓа во срцето на Хургада, на пешачката алеја позната како „Мамша“. Хотелот нуди неверојатен поглед на Црвеното Море и има сè што е потребно за незаборавен одмор во Египет.

Во хотелот: менувачница, продавница за подароци, сеф, 3 базени, просторија за чување на багаж, барови и разни видови на ресторани, бесплатен Wi-Fi, паркинг и конференциски сали. Фитнес, пинг-понг, тениско игралиште и спортови на вода за уживање на гостите. Хотел Hilton Hurghada Resort 5*им овозможува на лицата со посебни потреби лесен пристап до собите и до заедничките простории. За најмладите посетители на хотелот има 2 игралишта, детско мени во ресторанот и клуб за деца.

Во собите: бања со када или туш, фен, клима уред, ТВ, мини бар, сеф и бесплатен пристап до интернет.

Плажа: сопствена, песочна. Бесплатно користење чадори и лежалки на плажа и околу базенот.

 

 

Хотел Pharaoh Azur Resort 5*
Локација: Се наоѓа на брегот на Црвеното Море, на само 15 минути со автомобил од аеродромот во Хургада и 20 минути со автомобил од центарот на градот Хургада.

Во хотелот: ресторани и барови, сопствен паркинг, бесплатен Wi-Fi во заедничките делови , затворен и отворен базен, фитнес центар, банкомат, автобус до центарот на градот – со доплата и на барање, Интернет кафе – со доплата. Комплетно опремен спортски клуб со сауна, парна бања, хидромасажна када и масажи – со доплата.

Бесплатна анимација и услуги: тенис, ватерполо, аеробик, фитнес, пикадо, кошарка, мини фудбал, пинг-понг, одбојка на плажа, џакузи, музика во живо.

Во собите: клима, фен, сеф, балкон / тераса, сателитска ТВ и мини бар (со доплата).

Плажа: сопствена песочна со корален гребен, бесплатни чадори и лежалки, душеци и крпи за плажа. Се препорачува употреба на специјални гумени обувки. Бесплатно користење чадори и лежалки околу базенот.

 

Хотел Continental Hotel Hurghada 5*
Локација: Хотелот се наоѓа на западниот брег на Црвеното Море, во област позната по сончевото време преку цела година. Хотелот е на 10 мин. возење од меѓународниот аеродром Хургада и населбата Сакала.

Во хотелот: 6 ресторани и барови, паркинг, голем базен, здравствен клуб, детски клуб со игралиште, СПА центар со сауна, џакузи, парна бања и простории за масажа, Wi-Fi во заедничките простории.

Забава и услуги: фитнес и сала за аеробик, два терени за сквош и три осветлени тениски терени од глина, пинг-понг и билијард, нуркање и спортови на вода; многу активности - анимација и забава и за возрасни и за деца.

Во собите: бања со туш или када, ТВ, клима уред, фрижидер, мини бар, балкон / тераса со поглед на море или градина.

Плажа: приватна песочна плажа со приватна марина, бесплатни чадори и лежалки. Бесплатно користење чадори и лежалки околу базенот.

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
Наведените цени се за едно лице за соодветното сместување.
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаХургада

Поаѓање од Терминал 1 на аеродромот во Софија во 08:00 ч. за Хургада со директен чартер лет на "BH Air". Слетување на аеродромот во Хургада во 10:50 часот (распоредот на летање ќе го добиете со финалните документи пред поаѓање). Трансфер до хотелот. Сместување. Ручек Екскурзија во Хургада. Вечера. Ноќевање.

2
Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Информативен состанок со претставникот на групата. Панорамска екскурзија на Хургада. Вечера. Ноќевање.

3
Хургада

Туристичка програма по желба и претходна резервација:


Островот Гифтон и нуркање (со вклучен трансфер, ручек, безалкохолни пијалоци, опрема за нуркање). Екскурзијата почнува околу 8 ч. и вклучува морско пловење со чамец со можност да уживате во убавината на еден од прекрасните острови и богатствата на коралниот гребен. Враќање во хотелот околу 16 ч.

4
Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација:


Целодневна екскурзија со автобус до Луксор со локален водич и вклучен ручек во локален ресторан (без пијалоци). Поаѓање од хотелот во 5 ч. наутро за Луксор - античката престолнина на египетските фараони. Посета на Храмот Карнак - најголемиот храмски комплекс во Египет (840 дка.), познат меѓу античките Египќани како „Ипет-Исут“ („најсвето место“), поставен во 3 зони посветени на врховниот бог Амон, богот Монту и божицата Мут. Најзначајната зграда во комплексот е Храмот на Амон Ра - вистинско архитектонско ремек-дело, вклучувајќи огромна просторија со столбови, од кои најголемиот е 113 м. Разглед на Алејата на сфингите, која ги поврзува храмовите Луксор и Карнак, со вкупна должина од околу 5 км. Поаѓање кон Долината на кралевите - пустинска рамнина опкружена со стрмни ридови, сместена на западниот брег на Нил, во близина на градот Теба. Тука се наоѓа прочуената гробница на фараонот Тутанкамон - една од 62-те пронајдени гробници досега. Разгледување на Колосите на Мемнон - две масивни камени статуи кои го прикажуваат Фараонот Аменхотеп III во седечка положба, со рацете на колената и поглед насочен кон исток кон реката и изгрејсонцето. Посета на локална фабрика за алабастер и музеј на папирус. Враќање во хотелот околу 23 часот.

5
Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација:


Нуркање во Црвеното Море (вклучува задолжително осигурување за нуркање, ручек и пијалоци). Поаѓање од хотелот околу 8 ч. Подводниот свет е шармантен, полн со живот и бои, непроверен и мистериозен, а со тоа и уште попривлечен. Нуркањето е начин да се запознае овој свет, неверојатно комбинирајќи во себе нови впечатоци, естетско задоволствво, романтични авантури, самозапознавање и, се разбира, бескрајно задоволство. Враќање во хотелот околу 16 ч.

6
ХургадаСофија

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација:


Пустинско сафари со вклучена вечера. Заминување од хотелот во 12 ч. Вашето запознавање со Египет нема да биде целосно ако пропуштите патување во пустината за сафари. Ќе имате можност да добиете неповторливи впечатоци од возењето со џипови по дините, екстремно возење на квадроцикли и баги. Ќе јавате камила и ќе се запознаете одблизу со животот на бедуините во пустината, ќе посетите мала зоолошка и терариум, ќе уживате во фолклорно шоу (јога, дервиши, стомачен танц). Враќање во хотелот околу 21 ч.

7
Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација:


Екскурзија со автобус до Каиро со вклучени: ручек (без пијалоци), двонасочен трансфер и туристички водич. Поаѓање од хотелот околу 02:30 ч. Екскурзијата вклучува посета на едно од чудата на светот - Египетските пирамиди кои пленат со величественост и мистериозност. Од видиковецот на Гиза ќе уживате во убавите глетки на Каиро. Нема да ја пропуштите и средбата со импресивната статуа на Сфингата. Ручек. Посета на фабрика за парфеми. Подоцна ќе го посетите и историскиот музеј во Каиро, кој чува бројни скапоцени експонати од времето на древната египетска цивилизација. Таму се наоѓа и салата со мумии на некои од најпознатите фараони.Музејот има повеќе од 12.000 артефакти од сите периоди на египетската историја. Враќање во хотелот околу 23 ч.

8
ХургадаСофија

Појадок. Напуштање на собите. Трансфер до аеродромот во Хургада. Поаѓање за Бугарија во 11:40 ч. со директен чартер лет на авиокомпанијата "BH Air". Слетување на аеродромот во Софија во 14:30 ч. (распоредот на летање ќе го добиете со финалните документи пред поаѓање).

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Островот Гифтон и нуркање (со вклучен ручек , безалкохолни пијалоци и опрема за нуркање ) - при минимум 10 туристи
от 12 г.
€39
от 2 г. до 11 г.
€29
Целодневна екскурзија со автобус до Луксор ( вклучувајќи ручек во локален ресторан, , без пијалоци ) - при минимум 10 туристи
от 12 г.
€99
от 2 г. до 11 г.
€69
Нуркање во Црвеното Море (со вклучени осигурување за нуркање , ручек и пијалоци ) - при минимум 10 туристи
от 12 г.
€59
от 2 г. до 11 г.
€45
Пустинско сафари (со вклучена вечера ) - при минимум 10 туристи
от 12 г.
€59
от 2 г. до 11 г.
€45
Екскурзија со автобус до Каиро и Египетските пирамиди ( со вклучен ручек, без пијалоци ) – при  минимум 10 туристи
от 12 г.
€99
от 2 г. до 11 г.
€69
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Хургада - Софија за директен чартер лет на авиокомпанијата "BH Air" со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж до 7 кг . и чекиран багаж до 20 кг
7 ноќевања на база All Inclusive во стандардни соби во избраниот од Вас хотел во Хургада
Празнична вечера на 31.12. во ресторанот на избраниот од Вас хотел
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Претставник од Бугарија за време на целото патување.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Виза за Египет: 25 USD - се плаќа задолжително на аеродромот во Хургада (при промена во цената, туристите ќе бидат известени навремено.)
Такса за гориво и штетни емисии - се објавува 21 дена пред летот (се доплаќа задолжително, во случај да биде прогласена таква)
Бакшиш за локалниот водич : 15 USD на турист за целиот престој (со доплата на лице место )
Дополнителни екскурзии и услуги по програмата
Влезници за гробницата на Тутанкамон (околу 250 EGP); за Кеопсовата пирамида (околу 360 EGP) , за Музејот на мумии (околу 180 EGP),
Такса за фотографирање во Историскиот музеј (околу 50 EGP) во Каиро
Влезници за други музеи, локалитети и настани кои се посетуваат по желба
Трошоци од личен карактер
Локален и градски транспорт
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија.
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Пакетните цени се со пресметан попуст за рани резервации до 29.08.2019г .!
Програмата се спроведува со минимум 80 туристи!
Валута :Локалната парична единица е Египетска лира или Египетска фунта (EGP). 
Девизен курс на долар / фунта е приближно 1 USD = 17,50 EGP.
Не е препорачливо извезување на локална валута од земјата!
Краен рок за резервација на дополнителните услуги : до 14 дена пред датумот на поаѓање!
За уплата на екскурзии на лице место НЕ се прифаќаат кредитни картички.
Резервации : депозит при резервација - 50% од цената на патувањето ; доплата - до 30 дена пред датумот на поаѓање.
Откажувања: од денот, кој следува по денот на резервацијата до 61 ден пред датумот на поаѓање - 35% од основната цена  ; од 60 до 31 ден пред датумот на заминување - 50% од основната цена на патувањето; од 30 ден до датумот на заминување - 100% од вкупната цена на патувањето.
При откажување на екскурзија кое е помалку од 24 часа или “no - show”, следува 100% парична казна.
По пристигнувањето на аеродромот во Хургада туристите ќе бидат пречекани од фирмата партнер на место посочено во ваучерот. На денот на поаѓање, собите треба да се напуштат до 12h, багажот се остава во соба за багаж.
Поради постојано менување на цените на горивото, авиокомпаниите можат да наплатат т.н. "такса за гориво". Во таков случај туроператорот го задржува правото да ја менува цената на патувањето со фактичката вредност на таксата за гориво и таа ќе се одрази на сите резервации за летот, за кои таа се наплаќа, без разлика кога тие се направени.
Авиокомпанијата го задржува правото да го промени времето на полетување и слетување за кое компанијата ќе ги информира патниците навремено.
Организаторот го задржува правото да ги менува правците и часовите или да премести патувања за друг ден, кога климатските услови го налагагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Промените во маршрутата и програмата за време на екскурзиите поради виша сила или временски услови не даваат за право за поврат на средства за екскурзијата.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Медицински и здравствени услови:
Нема медицински и здравствени барања поврзани со патувањето.
Визен режим:
Македонските државјани кои сакаат да ја посетат Арапска Република Египет со цел туризам и престој до 30 дена, можат да влезат на територијата на земјата со претходно добиени визи од египетската амбасада во Софија или да ги добијат на граничниот премин на аеродромот во Хургада. Пасошот треба да е со важност најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата и во него да има барем една цела слободна страница на која ќе биде нанесена визата. На грбот на оваа страница не треба да има друга виза, освен печати од гранична контрола. Носителите на дипломатски пасоши задолжително треба да имаат влезна виза од Амбасадата на Египет во Софија.
Патувањето се спроведува со минимум 80 туристи.
Други одмори во Египет »