Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Мадрид - прекрасен и шармантен!

Гарантирани цени и места! Рани резервации!

Софија – Мадрид – Толедо – Мадрид – Саламанка – Ел Ескориал – Мадрид – Софија

Екскурзија со авион
4 дена

Хотелот "Courtyard by Marriott Madrid Princesa" 4* се наоѓа во центарот на Мадрид, во непосредна близина на плоштадот Шпанија” и главната улица “Гран Виа”. На 100 метри од хотелот има метро станица. Собите на хотелот се пространи и модерно опремени, секоја со сопствено купатило, сателитска ТВ и клима уред. Хотелот располага со бистро, фитнес центар и затворен базен.

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаМадрид

Поаѓање од аеродромот во Софија (Терминал 2) во 09.10 ч. за Мадрид со лет на авиокомпанијата "Bulgaria Air". Пристигнување на аеродромот во Мадрид во 11.45 ч.Туристичка програма во Мадрид: Кралскиот дворец, изграден за време на владеењето на Фелипе V; Плоштадот “Ориенте” - омилено место за жителите и гостите на Мадрид; Плоштад "Шпанија" со споменикот на големиот писател Мигел де Сервантес и статуата на Дон Кихот и Санчо Панса; “Гран Виа” - најпознатата улица во градот; Плоштадот “Ла Сибелес” со фонтана посветена на божицата на плодноста; Музејот “Прадо”; “Плаза Мајор” - срцето на градот; Пуертa дел Сол со "Нулта километар" на Кралството Шпанија и симболот на Мадрид – Статуата на мечката и дрвото “Мадроњо”. Трансфер до хотелот. Сместување (по 14.00 ч). Слободно време (неопходно е користење на градски превоз). Ноќевање.

2
МадридТоледо

Појадок. Слободно време во Мадрид (неопходно е користење на градски превоз) или по желба полудневна екскурзија до Толедо - неверојатна мешавина од христијанска, мавјарска и еврејска култура. Можност за посета на готска катедрала од 13 в. и црквата "Санто Томе" со ремек делото Ел Греко "Погребот на грофот Оргас". Враќање во Мадрид. По желба во 20.00 ч. се прикажува фламенко шоу со вклучена чаша вино (неопходно е користење на градски прревоз). "Кардамомо" го нуди најдоброто и најавтентично фламенко шоу во Мадрид, што вклучува богата програма, уникатно и незаборавно искуство со познати гитаристи, пејачи и танчери. Ноќевање во Мадрид.

3
МадридСаламанка Ел ЕскориалМадрид

Појадок. Слободно време во Мадрид (неопходно е користење на градски превоз) или туристичка програма по желба (се избира една од двете екскурзии ):



1. Целодневна екскурзија до Саламанка - еден од најинспиративните градови во Шпанија, богат со историски и архитектонски ремек-дела и познат универзитетски центар. Пешачки разглед во историскиот центар, дел од светското културно наследство на УНЕСКО: "Главниот плоштад" - еден од најубавите плоштади во Шпанија; Новата катедрала, изградена во 1513 год., која се смета за прототип на познатиот во тоа време во Шпанија платерески стил ; Универзитетот - еден од најпрестижните европски центри за обука, основан во 1218 год.; Палатата “Анаја” од 18 век – денeс е градба на Филолошкиот факултет; Куќата на школки - една од најпознатите обележја на Саламанка.



2. Полудневна екскурзија до Ел Ескориал - архитектонски комплекс во населбата Сан Лоренцо де Ел Ескориал. Комплексот е составен од кралски дворец, направен за време на владеењето на кралот Филип II, кралски пантеон, манастир и библиотека. Ел Ескориал е украсен со фрески и слики на шпански и италијански уметници како Федерико Дзукари, Ел Греко, Лука Џордано и многу други.


Враќање во Мадрид. Ноќевање.

4
МадридСофија

Појадок. Трансфер до аеродромот. Поаѓање за Бугарија во 12.30 ч. со лет на авиокомпанијата "Bulgaria Air". Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 2) во 16.45 ч.

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло
вклучено во цената
Еднокреветна соба
+€117
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Полудневна екскурзија во Толедо (без вклучени влезници) на турист при минимум 15 туристи
€35
Екскурзија до Саламанка (без вклучени влезници) на турист при минимум 20 туристи
€66
Полудневна екскурзија до Ел Ескориал (без вклучени влезници) на турист при минимум 15
€20
Фламенко шоу со вклучена чаша вино на турист при минимум 15 туристи
€39
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** пред датумот на поаѓање ( цена на турист во двокреветна соба)
€18
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** пред датумот на поаѓање ( цена на турист во еднокреветна соба)
€26
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Мадрид - Софија на авиокомпанијата "Wizz Air" со вклучени аеродромски такси и мал рачен багаж до 10 кг (со димензии 40/30/20 см)
Чекиран багаж до 20 кг
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
3 ноќевања со појадок во хотел "Senator Gran Via" **** (или сличен) во Мадрид
Туристичка програма во Мадрид
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Водич од Бугарија
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Полудневна екскурзија до Толедо
Полудневна екскурзија до Ел Ескориал
Целодневна екскурзија до Саламанка
Влезници за музејот "Прадо" (15 EUR, за деца до 18 год. - бесплатно), музејот "Кралица Софија" (10 EUR, за деца до 18 год. - бесплатно) и Кралскиот дворец (11 EUR, за деца до 16 год. - 6 евра) во Мадрид
Влезници за Катедралата (12.50 евра) и црквата "Санто Томе" (2.80 евра) во Толедо
Влезници за Универзитетот во Саламанка (10 евра) и комбиниран билет за Новата и Старата Катедрала (4,75 евра)
Градски транспорт во Мадрид (1,5-2 евра - еднонасочен билет, билет за 10 патувања - 18,30 евра)
Влезници за музеи, објекти и настани кои се посетуваат по желба
Трошоци од лична природа
Бакшиш за возач и водич (2 евра на турист на ден - се плаќа задолжително на лице место)
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
За да се реализираат дополнителните услуги и настани по програмата, потребно е да ги побарате уште при склучувањето на договорот за организирано патување, бидејќи нивното спроведување е поврзано со првичните резервации.
Туристичката програма се спроведува на македонски/српски/бугарски јазик.
Можно е да се смени распоредот на летови од страна на авиокомпанијата.
Време: Македонија 11 ч. Бугарија 12 ч. Шпанија 11 ч.
ПРИМЕРЕН ХОТЕЛ:
Хотелот "Courtyard by Marriott Madrid Princesa" 4* се наоѓа во центарот на Мадрид, во непосредна близина на плоштад “Шпанија” и главната улица “Гран Виа”. На 100 метри од хотелот има метро станица. Собите на хотелот се пространи и модерно опремени, секоја со сопствено купатило, сателитска ТВ и клима уред. Хотелот располага со бистро, фитнес центар и затворен базен.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Не постојат медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно пасошки режим
Македонските државјани кои патуваат во земјата треба да имаат важечки пасош најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата.
Екскурзијата се спроведува при минимум 30 регистрирани туристи.
Други програми за Шпанија »