Во моментов нема слободни места
1 |
| |
Поаѓање од Терминал 2 на аеродромот во Софија во 21:15 ч. за Истанбул со лет на „Turkish Airlines“. Слетување на аеродромот во Истанбул во 23.50 ч. | ||
2 |
| |
Поаѓање за Хавана во 02:25 ч. со лет на „Turkish Airlines”. Слетување на аеродромот во Хавана во 08:55 ч. Пречек од претставник на локалната агенција. Туристичка програма со вклучен ручек во традиционален кубански ресторан во Хавана: Катедрален плоштад, Плоштадот на оружјето со Палатата на генерал-капетаните, каде што денес се сместени Градскиот музеј на Хавана; шеталиштето покрај море "Малекон"; плоштадот "Свети Фрањо од Асизи" со истоимениот манастир изграден во XVII век и седиште на фрањевците до XIX в.; посета на популарниот “Клуб Хавана Рум” со можност да го дегустирате познатиот рум; Плоштадот на револуцијата. Трансфер до хотелот во Хавана. Сместување. Слободно време. Ноќевање. | ||
3 |
| |
Појадок. Целодневна екскурзија "По стапките на Хемингвеј и кубанските пури" со вклучен ручек во традиционален кубански ресторан: посета на работилница за пури и запознавање со уметноста на производство на познатите кубански пури. Во текот на презентацијата ќе научите се што е поврзано со производствениот процес, како и тајната како да ја препознаете квалитетната пура. Исто така, ќе има жива демонстрација за тоа како да се направи вистинската кубанска пура. Поаѓање по стапките на Хемингвеј: Посета на вилата “Ла Финка Вихија” - поранешниот дом на американскиот писател претворен во музеј; посета на “Кохимар” - мало рибарското село, кое го поттикнало Хемингвеј да го напише неговото познато дело "Старецот и морето" и каде се наоѓа статуата на писателот, направена од стари сидра, реквизити и алатки, собрани од локалните рибари; Хотелот “Амбос Мундос”, каде што често престојувал во 1930-тите; автентичниот бар-ресторан "La Bodeguita del Medio" и "Floridita", каде се создадени,денес најпопуларните во целиот свет коктели, мохито и даикири. Ноќевање. | ||
4 | ||
Појадок. Целодневна екскурзија со вклучен ручек до долината “Виналес” во Пинар дел Рио - уникатен пејзаж насликан со густи шуми на гигантски карстни форми наречени "моготи" Фотопауза во Лос Хасминес, каде што можете да видите прекрасен поглед на долината и моготите. Прекрасната долина е опкружена со величествени палми. Ова е една од најплодните области на Куба, каде што се одгледува, собира, суши и преработува најквалитетниот тутун во светот. Тутунот достига до полна висина помеѓу ноември и февруари. По завршувањето на жетвата, други култури како маланга, јука, пченка се засадени до октомври. Во 1999 год., долината “Виналес” беше прогласена за Светско наследство на УНЕСКО. Посета на фармата за тутун, каде што ќе ја запознаете технологијата на одгледување тутун. Прошетка со чамец низ пештерата на Индијанците - дел од најстариот пештерски систем на Куба. Разгледување на огромната престижна фреска на уметникот Леовихилдо Гонсалес на 120-метарска карпа - реплика на праисториски цртежи откривајќи еволуцијата на животот во планината “Сиера де лос Органос”. Ноќевање. | ||
5 |
| |
Појадок. Заминување за Варадеро. Пристигнување во Варадеро рано попладне. Сместување во Хотел на база All Inclusive. Слободно време во Варадеро – најпознатото одморалиште во Куба кое стана најголем белег на островот. Живописните плажи со белоснежен песок и сините води на Атланското крајбрежје се на челно место во рангирањето за најчисти плажи во светот. Плажната ивица на Варадеро се протега на цели 20 км и е заштитена од најголемиот корален гребен во Карибско Море, а приказните за длабочините на морето и нивните жители нема да дозволат некој од љубителите на подводни спортови да остане рамнодушен - има многу центри за нуркање и огромни подрачја за нуркање. Животот тука е многу бурен не само во текот на денот, туку и во текот на ноќта. Меѓу бројните дискотеки, секој гостин во градот ќе најде совршена комбинација на музика, танц и шоу прогрмаи.. Живата музика, жешкиот ритам и егзотичните коктели ги прават кубанските ноќи незаборавни. Ноќевање. | ||
6 |
| |
Појадок. Слободно време и престој во хотелот на база All Inclusive. Ноќевање. | ||
7 |
| |
Појадок. Слободно време и престој во хотелот на база All Inclusive. Ноќевање. | ||
8 |
| |
Појадок. Слободно време. Ручек. Напуштање на хотелот. Поаѓање за Хавана. Сместување во Хавана. Вечерта посета на двочасовен концерт во клуб "Buena Vista Sоcial Club", каде ќе настапат музичари од групата "Buena Vista" со едни од најпознатите кубански песни, како "Chan Chan" или "La Bayamesa" (вклучена вечера, 2 пијалаци и трансфер со ретро автомобили). Ноќевање. | ||
9 |
| |
Појадок (сув пакет). Трансфер до аеродромот. Заминување во 9:35 ч. за Истанбул со лет на „Turkish Airlines“. | ||
10 |
| |
Слетување на аеродромот во Истанбул во 10.10 ч. Поаѓање за Софија во 14:45 ч. со лет на „Turkish Airlines“. Слетување на аеродромот во Софија (Терминал 2) во 15:05 ч. |
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет | вклучено во цената |
Двокреветна соба со разделени легла | вклучено во цената |
Дополнителен лежај за дете од 2 до 11.99 г. | -€139 |
Дополнително трето легло | -€15 |
Еднокреветна соба | +€291 |
3 вечери во Хавана | €85 |