Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА - Италијанска и Француска Ривиера - со авион!

Софија – Бергамо – Милано – Пјаченца – Чинкуе Тере – Santa Margherita Ligure – Портофино – Џенова – Сан Ремо – Ница – Кан – Антиб – Ница – Сент Пол д Ванс – Монако – Ница – Торино – Милано – Бергамо – Софија

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаБергамоМиланоПјаченца

Заминување од Терминал 1 на аеродромот во Софија во 07:40 ч. со лет на "Wizz Air" до Бергамо. Слетување на аеродромот во Бергамо во 08:40 ч. Поаѓање за Милано. Пешачка прошетка: Замокот на фамилијата Сфорца; Миланската катедрала - најубавата готска катедрала јужно од Алпите изградена за време на владеењето на Џан Галеацо Висконти; пасажот "Виторио Емануеле"; Музичкиот театар "Ла Скала" - еден од најпознатите во светот. Слободно време. Поаѓање за Пјаченца. Сместување во реонот на Пјаченца во вечерните часови. Ноќевање.

2
ПјаченцаЧинкуе ТереSanta Margherita LigureПортофиноЏенова

Појадок. Поаѓање за Ла Специја. Поаѓање со воз за националниот парк „Чинкве Тере“ (билет за воз Ла Специја - Манарола - Вернаца - Леванто се плаќа одделно на лице место, околу 12 EUR).). "Чинкве Тере" во превод значи "петте земји" и е област на брегот на Лигурското Море. Малите градови, кои се поставени над морето, привлекуваат илјадници туристи со своите шарени куќи, пријатни глетки и уникатна атмосфера. Посета на Манарола - едно од најпреферираните и романтични гратчиња со своите живописни и шарени куќи сместени на висока карпа, која се издига 70 метри над морето. Екскурзијата продолжува до Вернаца - мало рибарско градче, честопати спомнувано како најубавото во Италија. Пристигнување во Леванто. Поаѓање за Санта Маргерита Лигуре. Прошетка со бродче од Санта Маргерита Лигуре до Портофино (билет за бродче се плаќа дополнително). Портофино е емблематично градче на Лигурската ривиера, познато по марината и разнобојните куќи долж крајбрежјето. Градот се здобива со популарност во XIX век, кога голем број на познати личности почнуваат да го посетуваат. Слободно време во Портофино. Поаѓање за Џенова. Сместување во реонот на Џенова во вечерните часови. Ноќевање.

3
ЏеноваСан РемоНица

Појадок. Пешачка прошетка во Џенова (1 час): Старото пристаниште; катедралата „Сан Лоренцо“ , во која се чуваат моштите на Јован Крстител, светец-заштитник на Џенова; Палатата на Дожите – во минатото седиште на управувањето на Републиката и резиденција на Дожите – сега центар на општествениот и културниот живот во градот; Плоштадот „Ферари“ - срцето на градот, опкружен со јавни згради, банки и канцеларии на најголемите бродски компании. Слободно време на улицата „Гарибалди‘, главната улица во Џенова, порано позната како "Златната улица", со домовите на богатите фамилии на Џенова зачувани до ден-денес. Заминување за Франција. Попатна пауза во Сан Ремо, кој се наоѓа на ривиерата на цвеќињата. Кратка пешачка прошетка во Сан Ремо: Казиното изградено во стилот „Арт Нуво“; театарот „Аристон“, кој секоја година е домаќин на музичкиот фестивал; Конкатедралата „Сан Сиро“. Вечерта, сместување во хотел на Француската ривиера. Ноќевање.

4
НицаКанАнтиб

Појадок. Пешачка прошетка во Ница – стар град, кој ја сочувал атмосферата и автентичниот дух на средниот век: атрактивниот цветен пазар; најголемиот плоштад „Масена“ и крајбрежниот булевар „Променад Де-з-Англе“ со најпрестижните хотели на Француската Ривиера. Поаѓање за Кан. Пешачка прошетка во центарот на Кан: крајбрежниот булевар „Кроазет“ со фестивалскиот комплекс, каде што светски познатиот филмски фестивал се одржува секоја година во мај; Алејата на славата со отисоци од раце на ѕвезди на филмската индустрија. Прошетка во Антиб - една од најголемите марини на Азурниот брег. Враќање во хотелот. Ноќевање.

5
НицаСент Пол д ВансМонако

Појадок. Заминување за Сен Пол де Ванс - живописен град сместен на рид, кој привлекува со својата шармантна средновековна атмосфера. Пешачка прошетка во Сен Пол де Ванс . Екскурзија до Кнежество Монако: Палатата на фамилија Грималди - основачите на Кнежеството, кои го претвораат во едно од најбогатите места во светот и управуваат со него до ден-денес; Катедралата, каде што се закопани членови на семејството Грималди. Можност за посета на Океанографскиот музеј на Жак-Ив Кусто, со огромна колекција од морска флора и фауна, модели на истражувачки бродови, аквариум со повеќе од 4.000 претставници на медитеранскиот и тропски екосистем. Слободно време во реонот на Казиното во Монте Карло. Враќање во хотелот. Ноќевање.

6
НицаТориноМилано

Појадок. Поаѓање за Торино - индустриски, бизнис и културен центар во Северна Италија, главниот град на Пиемонт. Пешачка прошетка: плоштадот „Пјаца Кастело“ со „Палацо Мадама“ - резиденција на кралските вдовици од 17 век; дворецот „Палацо Реале“ - кралска резиденција до 1865 г.; црквата „Сан Лоренцо“; катедралата „Св. Јован Крстител “од 15 век; улицата „Гарибалди“ - најпознатата трговска улица. Поаѓање за Милано. Сместување во реонот на Милано / Бергамо во вечерните часови. Ноќевање.

7
БергамоСофија

Појадок (ран појадок или сув пакет). Трансфер до аеродромот во Бергамо. Заминување за Софија во 09.15 ч. со лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Пристигнување на аеродром Софија (Терминал 1) во 12.15 ч.

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло
вклучено во цената
Еднокреветна соба
+€183
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Чекиран багаж до 20 кг (во двете насоки)
€73
Чекиран багаж до 30 кг (во двете насоки)
€95
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Бергамо - Софија на авиокомпанијата "Wizz Air" со вклучени аеродромски такси и 1 рачен багаж до 10 кг (40/30/20 см)
Чекиран багаж до 20 кг. (за дати на поаѓање 15.06., 20.07. и 24.08.2020 г.)
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
Транспорт со комфорен туристички автобус
1 ноќевање со појадок во хотел *** во реонот на Пјаченца
1 ноќевање со појадок во хотел *** во реонот на Џенова
3 ноќевања со појадок во хотел *** во реонот на Француската ривиера
1 ноќевање со појадок во хотел *** во реонот на Милано / Бергамо
Пешачка прошетка во Милано, Џенова, Сан Ремо, Ница, Кан, Антиб, Сен Пол де Ванс и Торино
Екскурзија до Чинкве Тере (без вклучен билет за воз до Вернаца и Манарола)
Посета на Санта Маргерита Лигуре и Портофино (без вклучен билет за бродчето до Портофино)
Посета на Кнежество Монако
Водич од Бугарија
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Такса за престој во Италија: 2-4 EUR на турист на ден во хотел 2 * / 3 * и 4-6 EUR на турист на ден во хотел 4 * (со доплата на рецепција во секој хотел)
Туристичка такса во Франција: 1,50 EUR на турист на ден во хотел 3 * и 2,20 EUR на турист на ден во хотел 4 * (со доплата на рецепција во секој хотел)
Чекиран багаж (за дати на поаѓање 23.05., 19.09. и 10.10.2020 г.)
Влезница за Океанографскиот музеј (16 EUR, за деца - 8 EUR) во Монако
Билет за воз Ла Специја - Манарола - Вернаца - Леванто (околу 12 EUR)
Билет за бродче од Санта Маргерита Лигуре до Портофино (околу 15 EUR)
Влезници и билети за други музеи, објекти и настани кои се посетуваат по желба / градски превоз
Трошоци од личен карактер
Бакшиш за возачот (2 EUR на турист на ден - со задолжителна доплата на лице место)
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Туристичката програма се спроведува на бугарски јазик.
Временска разлика: Северна Македонија - 11 ч.; Бугарија - 12 ч; Италија, Франција - 11 ч.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Можно е да се смени распоредот на летови од страна на авиокомпанијата.
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Италија, Монако, Франција: Нема медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно - пасошки режим
Италија, Монако, Франција: Македонските државјани кои патуваат во земјата треба да имаат важечки пасош најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата.
Патувањето се спроведува со минимум 30 туристи.
Други програми за Франција »