Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Одмор во Италија, остров Сицилија - хотел Nike 4*

Софија – Катанија – Жардини Наксос – Етна – Таормина – Сиракуза – Ното – Долината на храмовите во АгриџентоСкала деи Турки – Модика – Шикли – Палермо – Монреале – Джардини Наксос – Катания – Софија

Одмор со авион
9 дена
од €619

Хотел „NIKE“ 4*

Џардини Наксос

 

Локација

Класичниот медитерански хотел "Nike" 4 * е лоциран во ресортот Џардини Наксос со уникатен поглед кон морето. На околу 200 метри од хотелот има ресторан и бар. Хотелот е на самиот морски брег, каде тишината и мирисот на море го дополнуваат задоволството од најубавите глетки кон вулканот Етна и бесконечното крајбрежје. Во близина на хотелот се наоѓа статуата на божицата Нике,одбележувајки го првото место кое древните грци го освојуваат од Сицилија. До срцето на одморалиштето и широката песочна плажа на Џардини Наксос се стигнува пешки за околу 15 мин. По мирен крајбрежен пат. Таму се наоѓа и автобуска станица, од каде може да земете и автобус до Таормина. Ориентациони цени: 1,90 € еден правец / 3 € повратна карта.

 

Услуги

Хотелот припаѓа на синџирот "Chincherini Holiday" и е комплетно реновиран во 2016 година. Колоритната зграда на хотелот со своите свежи медитерански бои ве поканува на летна безгрижност. Хотелот располага со климатизиран ресторан за 200 гости, бар со просторна тераса за 50 гости, отворен паркинг, безжичен интернет во заедничките делови.

 

Појадок на шведска маса 07:00-09:30. Вклучува благи и солени кроасани, бисквити, разновидност на колачи, јогурт, јајца, шунка, салами и сирење. Сок и кафе од апарат.

Вечерата се служи од 19:00 до 21:00 часот. Салатите се служат на шведска маса, а главното мени се избира на истиот ден на појадокот. Менито вклучува сицилијански и италијански специјалитети.

 

Соби

Собите се целосно реновирани и модерно опремени и имаат сè што е потребно за пријатниот престој на туристите - ортопедски и хипоалергени душеци, купатило со туш, сеф, клима уред, телевизор, мал фрижидер и безжичен интернет. Повеќето соби имаат балкон и поглед на Вулканот Етна или Таормина. Супериор собите имаат поглед кон морето.

 

Плажа

Хотел "Nike" **** се наоѓа на самиот каменест морски брег и располага со сопствена платформа со скали за директен пристап до чиста морска вода. Освен тоа, за погодност на гостите хотелот има поставено тераси за плажа, опремени со чадори и лежалки. На 500 метри од хотелот се наоѓа градската песочна плажа на Џардини Наксос со слободна и платени зона (користење на чадор и два лежалки - 15 EUR).

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
Наведените цени се за едно лице за соодветното сместување.
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаКатанијаЖардини Наксос

Поаѓање во 20:30 од Терминал 1 на аеродромот во Софија со директен лет на "Wizz Air". Слетување на аеродромот во Катанија во 21:25 ч. Трансфер до хотелот. Сместување. Вечера. Ноќевање..

2

Појадок. Информативен состанок со нашиот претставник на лице место. Слободно време. Вечера. Ноќевање.


По желба и претходна резервација: Полудневна екскурзија од „Од брег до брег“ .


Поаѓање од хотелот кон Џардини Наксос. Заминување од пристаништето со туристичко бродче. Кратко едрење покрај живописните брегови северно од одморалиштето ќе ве однесе до "убавиот остров" Изола Бела. Тука бродчето застанува во водата и ќе имате можност да попливате во прекрасните морски води или едноставно да уживате во жешкото сицилијански сонце. Можете да се освежите со овошјето, закусите и пијалоците понудени на бродот. Потоа, морската прошетка продолжува до заливот Капотаормина за нуркање и посета на Пештерата на денот. Поаѓање назад кон пристаништето на Jardini Naxos, каде што завршува ова мини крстарење.


*Се препорачуваат капи и препарати за сончање!

3
ЕтнаТаормина

Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.


По желба и претходна резервација: Целодневна екскурзија до Етна и Таормина.


Околу 08:00 часот - поаѓање од хотелот кон највисокиот вулкан во Европа и еден од најактивните вулкани во светот - величествената Етна. Локалците ја нарекуваат планината на планините, а старогрчкиот поет Пиндар ја опишува како столб на кој се крепи небото. За време на искачувањето со автобус на падините на вулканот до 1900 метри надморска висина ќе уживате во прекрасни пејсажи. Местото каде автобусот ја остава групата, е многу раздвижено и нуди различни можности за забава. Бројните дуќанчиња со своите сувенири од лава ги повикуваат туристите. Овде ќе можете да пробате ароматен и силно алкохолен ликер "Огнот на Етна" или да купите од вкусниот мед од Ѕаферана, можете да се забавувате во 7D-кино, да ги "истражите" страничните кратери "Силвестри" и се разбира, да уживате во сицилијански ручек. Тука се наоѓа станицата "Сапинеца", каде со доплата љубителите на адреналин можат да се искачат со жичница и џипови до подножјето на централните кратери на вулканот на близу 3000 м надморска висина за прошетка со водич вулканолог .


Попладне поаѓање за Таормина - бисерот на Јонското Море. Познатото сицилијанско одморалиште е основано во 400 година пр. Хр. на ридот над морето од бегалци од крајбрежниот грчки град Наксос. Искучителната положба на Таормина е причина за прекрасната панорама, од каде што се гледа секоја точка на градот. Автобусот ја остава групата во подножјето на градот, од каде со бесплатен градски автобус се пристигнува до срцето на градот. Слободно време за индивидуална прошетка во Таормина. Градот привлекува со своите знаменитости, кои сведочат за неговата долга историја и нуди различни можности за забава. Овде ќе можете да се запознаете со знаменитостите на Таормина - фантастичниот грчки театар, остатоците од римскиот Одеон, плоштад "9 април", плоштадот "Дуомо" со катедралата и Фонтана со кентаур, да се прошетате низ малите романтични улички на градот, да ги видите мноштвото продавници, во кои ќе најдете традиционални за островот дела - рачно изработена чипка, накит од корал, керамика, да уживате во исклучителниот вкус на домашни колачи и омилениот италијански сладолед или да уживате во некое од прекрасните кафулиња каде служат ароматно италијанско кафе.


*Се препорачува топла облека и удобни обувки!

4
СиракузаНото

Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.


По желба и претходна резервација: Целодневна екскурзија до Сиракуза и Ното.


Рано заминување (околу 08:00 ч.) за град Сиракуза - најпознатата грчка колонија на Медитеранот и родно место на Архимед. Цицерон вели дека Сиракуза е "највеличествениот грчки град и најубав од сите". Разглед со локален водич на историскиот центар, лоциран на островот Ортиџа кој е под заштита на УНЕСКО: Храмот на Аполон - најстариот доријски храм во Сицилија од 6 в. Пр. Хр .; Плоштад „Архимед“; плоштад "Ил Дуомо" со прекрасната катедрала и црквата "Света Лучија", каде се наоѓа и оригиналот на едно од најголемите платна на Караваџо "Погребот на Света Лучија"; изворот на Аретуса, кој се поврзува со легендата за вечната љубов. Во слободното време ќе имате можност за индивидуална посета на музејот "Белломо" или за прошетка во пристанишната тврдина на Сиракуза "Кастело Маниаче" од 13 в.


Попладне заминување за Ното - вистински скапоцен камен на барокната архитектура под заштита на УНЕСКО. Пешачки разглед во Ното: катедралата на Ното и доворецот "Палацо Николачи" - зградата на богати трговци на туна со најубавите барокни балкони на светот, цркви со соседните кон нив поранешни манастирски згради. Слободно време со можност за индивидуална посета на палатата „Палацо Николачи“.

5

Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.


По желба и претходна резервација: Целодневна екскурзија до Долината на храмовите во Агриџенто и Скала деи Турки.


Околу 06:00 ч. поаѓање кон долината на Храмовите во Агриџенто, дел од светското наследство на УНЕСКО. Разгледување на остатоците од девет антички грчки храмови кои датираат од V век п.н.е., посветени на боговите Хера, Зевс, Херкулес, храмот „Конкордија“. Агриџенто е основано во 6 век п.н.е. од доселениците од блиската колонија, Џила, наречена Акрагас. Старогрчкиот поет Пиндар го нарекува "најубавиот град на смртници". Познатиот грчки филозоф Емпедокле (490-430 п.н.е.) е роден во Акрагас. Многуте руини во долината и остатоците од седумте храмови ја докажуваат својата милениумска историја. Тие се сметаат за најубави грчки остатоци надвор од Грција.


Посета на Scala dei Turchi, која се наоѓа на брегот во близина на Агриџенто, во близина на Порто Емпедокле. Овој феномен личи на скали кои водат кон брегот и поврзуваат две прекрасни плажи. Природата ја оформила преку морските бранови и ветерот низ милениумите. Денес таа е една од најпосетуваните туристички атракции.


*Се препорачува лесна облека, капи и препарати за сонце!

6
МодикаШикли

Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.


По желба и претходна резервација: Целодневна екскурзија до Модика и Шикли.


Околу 08:00 ч. поаѓање за прекрасниот барокен град Модика кој сè уште се нарекува "Градот на скалите" поради неговата интересна висинска локација и стотици скали што водат од долниот дел до горниот дел од градот. Во минатото, Модика беше важен политички, економски и културен центар, а денес е еден од најинтересните и најпрепознатливите градови во Сицилија. Историскиот центар на градот е вклучен во Списокот на светското наследство на УНЕСКО. Модика, исто така, привлекува туристи со специфична продукција од средниот век, рецепт за чоколада што го носат шпанските освојувачи. Овде можете да најдете чоколада со лута пиперка, бадеми, цимет, лимон, сол и многу други.


Поаѓање за Шикли, градот на режисерот на серискиот филм „Инспектор Монталбано“. Овде се снимени некои од сцените во култниот крими филм. Прошетка по главната улица "Франческо Мормина Пена" со најубавите барокни градби во градот: палати, цркви, јавни згради, обични приватни домови.

7
ПалермоМонреале

Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.


По желба и претходна резервација: Целодневна екскурзија до Палермо и Монтреал.


Околу 06:00 ч. поаѓање за главниот град на Сицилија - Палермо, чија архитектура ги обединува сите стилови кои ја одразуваат испреплетената и богата историја на градот. Единствено во Палермо се задржани траги од влијанието на сите медитерански народи - феникијците, грци, римјани, арапи и нормани, шпанци и французи. За време на пешачката прошетка во градот се гледаат: "Порта Нуова", во непосредна близина до која се располага норманската палата "Палацо деј нормани" со прекрасната "Капела Палатина"; Катедралата „Успение на пресвета Богородица“; Плоштадот „Quatro Kanti“; плоштад „Преторија“ со Фонтаната на срамот; црквата „Ла Марторана“, каде што фреските, византиските мозаици и барокот се слеваат во хармонично ремек-дело; „Театро Масимо“ - најголемата лирична сцена во Италија. Слободно време со можност за самостојно разгледување на градот и посета на некои од неговите знаменитостите - црквата "Свети Каталдо" катакомбите на капуцините, пазарот "Ла Вучирија" кој потсетува на арапските пазари – еден светол и жив спектакл. Екскурзијата продолжува кон град Монтреал, кој е сместен на рид и од кој се открива прекрасен поглед на Палермо. Посета на познатата катедрала "Санта Марија Нуова", која ќе ве импресионира со позлатени мозаици, кои претставуваат сцени од Библијата на површина од околу 6.000 м2. Слободно време за прошетка низ уличките и чудесните дуќанчиња на Монреале. Можност за самостојно разгледување на 228-те колони од стариот Бенедиктински манастир на кои се изгравирани религиозни и митолошки мотиви.


* Во катедралите и црквите се влегува само со покриени раменици, деколте и колена!

8
Джардини НаксосКатания

Појадок. Напуштање на хотелот. Околу ручек поаѓање за Катанија - пешачка прошетка во центарот на градот (вклучена во цената). Трансфер до аеродромот. Заминување за Бугарија во 22:00 ч. 

9
Софија

Слетување на аеродром Софија, Терминал 1 во 00:45 часот.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Гарантиран трансфер Скопје - Софија - Скопје за дати: 02.07; 09.07; 16.07 и 20.08
€45
Целодневна екскурзија до Етна и Таормина при минимум 20 туристи
от 12 г.
€39
от 2 г. до 11 г.
€19
Целодневна екскурзия до Сиракуза и Ното на български език при минимум 20 туристи
от 12 г.
58 лв.
от 2 г. до 11 г.
29 лв.
Целодневна посета на Палермо и Монтреал при минимум 20 туристи
от 12 г.
€68
от 2 г. до 11 г.
€34
Целодневна екскурзија до Агриџенто и Скала деј Турк при минимум 20 туристи
от 12 г.
€56
от 2 г. до 11 г.
€28
Целодневна екскурзија до Модица и Шикли при минимум 20 туристи
от 12 г.
€56
от 2 г. до 11 г.
€28
Полудневна екскурзија "Од брег до брег" при минимум 20 туристи
от 12 г.
€45
от 2 г. до 11 г.
€22
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнување (цена на турист за сместување во двокреветна соба)
€18
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнувањето (цена на турист за сместување во еднокреветна соба)
€26
Пакет од 3 екскурзии: Етна и Таормина, Сиракуза и Ното, Модика и Шикли. Секојa од екскурзиите се спроведува на бугарски/македонски/српски јазик при минимум 20 регистрирани туристи.
от 12 г.
140 лв.
от 2 г. до 11 г.
€70
Пакет од 4 екскурзии: Етна и Таормина, Сиракуза и Ното, Модика и Шикли, Долината на Храмовите во Агриџенто и Скала деи Турки. Секоја од екскурзиите се спроведува на бугарски/македонски/српски јазик при минимум 20 регистрирани туристи
от 12 г.
€190
от 2 г. до 11 г.
€95
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионска карта Софија - Катанија - Софија за директен лет на авиокомпанија "Wizz Air" со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж до 10 кг (40х30х20 см) и чекиран багаж до 20 кг
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
7 ноќевања со вклучен појадок - шведска маса и вечера со сервирање (вечерата во денот на пристигнување е ланч пакет) во хотел "Nike" 4* (или сличен) во Џардини Наксос
Пешачки разглед во Катанија
Чадори и лежалки на сончевата тараса пред хотелот со директен достап до морето
Асистенција за време на целиот престој,
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Гарантиран трансфер Скопје - Софија - Скопје за дати: 02.07; 09.07; 16.07 и 20.08
Туристичка такса: 2 EUR на турист на ден (се плаќа на рецепција и се одредува од локалната општинска администрација.)
Пијалоци по време на вечерата
Дополнителни услуги и екскурзии според програмата
Влезници за музеи, локации и настани за време на екскурзии и други опционални посети: искачување до централниот кратер на Етна (64 EUR за возрасен/ 43 EUR за дете); Античкиот гръчки театар (10 EUR) во Таормина; катедралата (2 EUR), музејот "Белломо" (8 EUR) и тврдината "Кастело Маниаче" (4 EUR) во Сиракуза; палата "Николачи Виладората"(4 EUR) во Ното; Долината на храмовите (10 EUR) в Агриџенто; катедралата (7 EUR), црквата "Ла Марторана" (2 EUR), Театро Масимо (8 EUR), катакомбите на капуцините (3 EUR) во Палермо; катедралата (4 EUR) в Монреале. Цените се ориентациони, можни се промени!
Бакшиш за водич / возач
Трошоци од лична природа
Градски и локален превоз
Baby cot: 6 евра од вечер (потребно е да се резервира при потпишување на договорот и се плаќа на рецепција во хотелот)
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Деца под 2-годишна возраст, без да користат кревет и седиште во авионот, плаќаат само аеродромски такси во износ од 50 евра. Деца со наполнети 2 години без да користат кревет плаќаат 226 евра
Резервации: депозит - 35% од основната цена + вредноста на бараните дополнителни услуги при резервација; доплата - до 30 дена пред датумот на заминување.
Откажување: До 31 ден пред датумот на заминување - 35% од основната цена; од 30-тиот ден до денот на поаѓање - 100% од вкупната цена!
Организаторот го задржува правото да ги менува цените, правците и распоредот или да помести патувања за друг ден, кога климатските услови го налагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Медицински и здравствени услови:
Италија: Нема медицински и здравствени барања поврзани со патувањето.
Визно-пасошки режим:
Биометриски пасош со рок на важност подолг од планираниот престој во странство. За одредени држави е потребно патната исправа да има валидност најмалку 6 месеци подолга од почетниот период на патување.
Патувањето се спроведува при минимум 40 пријавени туристи.
Други одмори во Италија »