Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Куба - Хавана и Варадеро

Софија – Истанбул – Хавана – долината Винялес – Хавана – Варадеро – Хавана – Истанбул – Софија

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
04.11.2020 г.
€2175
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
12.03.2021 г.
€2175
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
16.04.2021 г.
€2175
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
05.11.2021 г.
€2175
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
03.12.2021 г.
€2175
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаИстанбул

Поаѓање од Терминал 2 на аеродромот во Софија во 21:15 ч. за Истанбул со лет на „Turkish Airlines“. Слетување на аеродромот во Истанбул во 23.50 ч.

2
ИстанбулХавана

Поаѓање за Хавана во 02:25 ч. со лет на „Turkish Airlines”. Слетување на аеродромот во Хавана во 08:55 ч. Пречек од претставник на локалната агенција. Туристичка програма со вклучен ручек во традиционален кубански ресторан во Хавана: Катедрален плоштад, Плоштадот на оружјето со Палатата на генерал-капетаните, каде што денес се сместени Градскиот музеј на Хавана; шеталиштето покрај море "Малекон"; плоштадот "Свети Фрањо од Асизи" со истоимениот манастир изграден во XVII век и седиште на фрањевците до XIX в.; посета на популарниот “Клуб Хавана Рум” со можност да го дегустирате познатиот рум; Плоштадот на револуцијата. Трансфер до хотелот во Хавана. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

3
Хавана

Појадок. Целодневна екскурзија "По стапките на Хемингвеј и кубанските пури" со вклучен ручек во традиционален кубански ресторан: посета на работилница за пури и запознавање со уметноста на производство на познатите кубански пури. Во текот на презентацијата ќе научите се што е поврзано со производствениот процес, како и тајната како да ја препознаете квалитетната пура. Исто така, ќе има жива демонстрација за тоа како да се направи вистинската кубанска пура. Поаѓање по стапките на Хемингвеј: Посета на вилата “Ла Финка Вихија” - поранешниот дом на американскиот писател претворен во музеј; посета на “Кохимар” - мало рибарското село, кое го поттикнало Хемингвеј да го напише неговото познато дело "Старецот и морето" и каде се наоѓа статуата на писателот, направена од стари сидра, реквизити и алатки, собрани од локалните рибари; Хотелот “Амбос Мундос”, каде што често престојувал во 1930-тите; автентичниот бар-ресторан "La Bodeguita del Medio" и "Floridita", каде се создадени,денес најпопуларните во целиот свет коктели, мохито и даикири. Ноќевање.

4
Хаванадолината ВинялесХавана

Појадок. Целодневна екскурзија со вклучен ручек до долината “Виналес” во Пинар дел Рио - уникатен пејзаж насликан со густи шуми на гигантски карстни форми наречени "моготи" Фотопауза во Лос Хасминес, каде што можете да видите прекрасен поглед на долината и моготите. Прекрасната долина е опкружена со величествени палми. Ова е една од најплодните области на Куба, каде што се одгледува, собира, суши и преработува најквалитетниот тутун во светот. Тутунот достига до полна висина помеѓу ноември и февруари. По завршувањето на жетвата, други култури како маланга, јука, пченка се засадени до октомври. Во 1999 год., долината “Виналес” беше прогласена за Светско наследство на УНЕСКО. Посета на фармата за тутун, каде што ќе ја запознаете технологијата на одгледување тутун. Прошетка со чамец низ пештерата на Индијанците - дел од најстариот пештерски систем на Куба. Разгледување на огромната престижна фреска на уметникот Леовихилдо Гонсалес на 120-метарска карпа - реплика на праисториски цртежи откривајќи еволуцијата на животот во планината “Сиера де лос Органос”. Ноќевање.

5
ХаванаВарадеро

Појадок. Заминување за Варадеро. Пристигнување во Варадеро рано попладне. Сместување во Хотел на база All Inclusive. Слободно време во Варадеро – најпознатото одморалиште во Куба кое стана најголем белег на островот. Живописните плажи со белоснежен песок и сините води на Атланското крајбрежје се на челно место во рангирањето за најчисти плажи во светот. Плажната ивица на Варадеро се протега на цели 20 км и е заштитена од најголемиот корален гребен во Карибско Море, а приказните за  длабочините на морето и нивните жители нема да дозволат некој од љубителите на подводни спортови да остане рамнодушен - има многу центри за нуркање и огромни подрачја за нуркање. Животот тука е многу бурен не само во текот на денот, туку и во текот на ноќта. Меѓу бројните дискотеки, секој гостин во градот ќе најде совршена комбинација на музика, танц и шоу прогрмаи.. Живата музика, жешкиот ритам и егзотичните коктели ги прават кубанските ноќи незаборавни. Ноќевање.

6
Варадеро

Појадок. Слободно време и престој во хотелот на база All Inclusive. Ноќевање.

7
Варадеро

Појадок. Слободно време и престој во хотелот на база All Inclusive. Ноќевање.

8
ВарадероХавана

Појадок. Слободно време. Ручек. Напуштање на хотелот. Поаѓање за Хавана. Сместување во Хавана. Вечерта посета на двочасовен концерт во клуб "Buena Vista Sоcial Club", каде ќе настапат музичари од групата "Buena Vista" со едни од најпознатите кубански песни, како "Chan Chan" или "La Bayamesa" (вклучена вечера, 2 пијалаци и трансфер со ретро автомобили). Ноќевање.

9
ХаванаИстанбул

Појадок (сув пакет). Трансфер до аеродромот. Заминување во 9:35 ч. за Истанбул со лет на  „Turkish Airlines“.

10
ИстанбулСофија

Слетување на аеродромот во Истанбул во 10.10 ч. Поаѓање за Софија во 14:45 ч. со лет на  „Turkish Airlines“. Слетување на аеродромот во Софија (Терминал 2) во 15:05 ч.

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнителен лежај за дете од 2 до 11.99 г.
-€139
Дополнително трето легло
-€15
Еднокреветна соба
+€291
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
3 вечери во Хавана
€85
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Истанбул - Хавана - Истанбул - Софија на авиокомпанија "Turkish Airlines" со вклучени аеродромски такси, чекиран багаж до 30 кг и рачен багаж до 8 кг
Групни трансфери аеродром - хотел - аеродром
4 ноќевања со појадок во хотелот Memories Miramar **** (или сличен) во Хавана
3 ноќевања на база All inclusive во хотелот "Memories Varadero" **** (или сличen) во Варадеро
Туристичка програма во Хавана со локален туристички водич со вклучен ручек
Посета на Музеј на рум во Хавана
Екскурзија "По стапките на Хемингвеј и кубанските пури", со вклучен ручек и посета на работилница за пури
Целодневна екскурзија до "Виналес" со вклучен ручек и прошетка со чамец во Пештерата на индианците
Концерт во Клубот "Buena Vista Social Club", со вклучена вечера, 2 пијалаци и трансфер со ретро автомобил во Хавана
Претставник-преведувач од Бугарија
Локален водич
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава Осигурување".
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Бакшиш за водич / возач: 3-5 долари за турист на ден (се плаќа на лице место од страна на туристите)
Влезници за музеи, локалитети и настани, кои се посетуваат по желба
Трошоци од лична природа
Јавен превоз
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Цената на екскурзијата е пресметан при валутен курс 1 USD = 1,7 BGN. При промена на валутниот курс со повеќе од 6% агенцијата го задржува правото за промена на цената на екскурзијата во соодветната насока.
Организаторот го задржува правото да ги менува правците и часовите или да премести патувања за друг ден, кога климатските услови го налааат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Можна е промена во распоредот на летање од страна на авиокомпанијата.
Екскурзијата се спроведува при минимум 15 туристи.
Локалната валута - Кубинско пезос (CUP); Кубинско конвертибилни пезос (CUC)
Валутен курс: 1 CUP = 0,07 BGN; 1 CUP = 0,03 EUR
Валутен курс: 1 CUC = 1.67 BGN; 1 CUC = 0,85 EUR
Сметање на времето: Макеонија - 11 ч .; Софија – 12 ч. Куба - 05 ч.
Патувањето како целина не е соодветно за лица со ограничена подвижност!
Медицински и здравствени услови
Нема медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно - пасошки режим
Македонските државјани, кои патуваат за Куба е потребно да поседуваат валиден пасош со рок на важност не помалку од 6 месеци по датумот на враќање од патувањето.
Други програми за Куба »