Шигаѕе

Кина

Град Шигаѕе е вториот по големина (по главниот град Ласа) во автономната област Тибет во рамките на Кина. Се наоѓа на 3 600 м. надморска височина во близина на реката Брамапутра. Растојанието до Ласа е 250 км. Населението изнесува 80 000 жители.

 

Интересен факт е, дека во Шигаѕе е роден првиот Далај Лама - Гендун Друп (1391-1474), кој во 1447 г. го основал познатиот манастир Ташилумпо. Денес манастирот е еден од најголемите во Тибет и ја чува историјата на духовните лидери. Во околината на градот има многу манастири.

 

Интересна забележителност е градската тврдина Ѕонг, која била разрушена по антикинеското востание во 1959 г., а нејзината копија на истото место била изградена во 2000 година.

 

Денес Шигаѕе е убав и модерен град со добра инфракструктура, кој е посетуван од многу туристи.

Екскурзии и одмори до Кина »