
Паркот на минијатурите е расположен во швајцарското градче Мелиде, на брегот на езерото Лугано и зазема површина од 14 000 м.кв. Под отворено небо, заобиколен од зеленило, се собрани 130 модели на куќи, замоци и споменици со размер 1:25. Тој ја претставува Швајцарија на дланка и ќе ви одземе помалку од еден час да ги разгледате сите величествени катчиња на државата. Исто така во паркот има мала железничка линија, која е заобиколена од градина, засадена со 15 000 видови дрва. Пјер Вјунер, воодушевен од паркот на минијатурите во Холандија, решава таков да направи во Швајцарија. Откако го обиколува поголемиот дел од државата. Вјунер се настанува во малото градче Мелиде и решава, дека ова е совршено место за остварување на неговата идеја. Изградбата одзема 2 години, како и многу жртви од страна на Вјунер. Во името на каузата, тој го продава својот бизнис и целосно се посветува на работата во паркот. Таму можете да видите намалени детални копии на познати места и забележителности, како зомоците „Бургдорф“ и „Шијон“, селото на јади ос истоимениот роман на Јохана Шпири, федералниот парламент во Берн и уште многу значајни забалежителности на Швајцарија.