
Еден од четирите градови со статут на провинција во Кина, Шангај е меѓу најдобро равиените трговски, индустриски и финансиски центри во државата. Во исто време привлекува милиони посетители со добро изградена туристичка инфраструктура и изобилство од атракции.
Шангај се наоѓа во централниот дел на Источна Кина, при вливањето на р. Јангцекјанг во Источнокинеското Море. Тој е најголемиот град во државата по население, вклучувајќи повеќе од 23 милиони жители.
Шангај е космополитски град, во кој вешто се комбинираат технолошкиот напредок и модернизам со вековни традиции, споменици на локална култура и историски објекти. Главните атракции во градот се телевизиската кула, уште наречена „Бисерот на истокот“ (трета по височина во светот), зоната „Пудонг“, Шангајскиот музеј, Храмот на Буда, трговската улица "Nanjing Lu", градината ''Ју Јуан''. Додека сте во Шангај исто така можете да ја посетите интригирачката фабрика за свила или да се насладите на некоја од познатите акробатски шоу програми.
Шангај ја има една од најголемите автобуски мрежи - градскиот транспорт кој подржува повеќе од 1000 автобуски линии.