
Чичен Ица бил древен град и археолошки објект кој се наоѓал во Северниот дел на полуостровот Јукатан. Главен центар на културата, политиката и религиозен центар на цивилизацијата на Маите. Основан е меѓу 8 и 9 век. А во 10 век, градот е освоен од Толтеките, а еден век подоцна станува престолнина на Толтекската држава. Името значи ''во устието на бунарот на Ица''. Во 1178 година градот е поразен од обединетите војски на трите градови-држави Мајапан, Ушмал и Ицмал, управувани од Хунак Кел. За време на шпанската инвазија во средината на 16 век градот е во руини. Во областа можат да се видат многу архитектурни стилови. Градот најверојатно имал најразнообразно население во цивилизацијата на Маите, фактор, кој би можел да допринесе за разнообразието од архитектурни стилови, кои се наоѓале во областа. До 29 март 2010 година, земјата на којашто се наоѓал Чичен Ица била приватна сопственост, потоа била закупена од државата Јукатан. Чичен Ица е вториот најпосетуван археолошки објект во Мексико денес, со над 2 милиони туристи во 2016 година. Градот е примен во културното наследство на УНЕСКО во 1988 година.