Читван

Непал

Читван е национален парк во Непал. Расположена на површина од 930 км.кв., некогаш локалитетот Читван била една од најубавите шумски и пасиштни области во Азија и поранешен ловен резерват за непалските кралеви. Суптропската клима, го одредува бујниот раст на тревата, која достигнува до 2 метри височина.

 

Подоцна природозаштитни експедиции ги истражуваат реките и разнообразната фауна во Читван. Денес само птиците, кои го населуваат националниот парк, се над 500 видови.

 

Читван е познат и како природно живеалиште на кралскиот бенгалски тигар. Овој скоро исчезнат вид брои околу 100 возрасни примери, половината од кои живеат слободно во националниот парк. Освен него, тука живеат леопарди, хиени, диви слонови, антилопи, крокодили, мајмуни, како и едни од најголемите влечуги - питони и кобри.

 

На местото се предлагаат сафари на грбот на слон или со џип, чијашто програма вклучува набљудување на ретки и егзотични животни. Читван е во списокот на УНЕСКО за светското природно наследство.

Екскурзии и одмори до Непал »