
Чанг Мај е најголемиот и најзначајниот град во Северен Тајланд, расположен е на 700 км од Банкок, меѓу највисоките планини во државата. Тој е поранешниот главен град на кралството Ланаа и е административен центар на провинцијата Чиенг Мај. Името му значи ''нов град'', затоа што станува новиот главен град на кралството Ланна, кога е основан во 1296 г. Населението на самиот град е околу 150 илјади жители, но во метрополитниот регион живеат скоро 1 милион жители. Градот е популарен меѓу туристите, но и меѓу студентите, кои можат да сучат во едни од најголемите тајландски средни училишта.