
Единствена преживеана чајна соба до денес е собата “Вилоу“. Создадена е од дизајнерот Чарлс Рени Макинтош во почетокот на минатиот век, по нарачка на познатата газдарица на ресторанти Кејт Кранстон. Дизајнерот Макинтош е автор на се' во чаената соба. Од столовите со високи наслони, до таблите за сервирање и приборите за храна. Една од собите, која го носи името „Делукс“, е навистина впечатлива. Создадена е во 1904 г. и со своите искречки лилави бои и сребрени маси, собата навистина ги воодушевува посетителите и дава можност за вистинско насладување на британскиот традиционален напиток.