
Црната црква (уште позната како “Света Мерија“) се мсета за најпретставителниот споменик на готската уметност во Романија. Ова е и најголемата готска катедрала во Источна Европа. Според историчарите на местото, каде денес се наоѓа постоела мала капела, разрушена од татарите во 1242 г. Изградбата на импресивната зграда започнува во 1385 г. и се смета, дека е завршена во 15 век. После големиот пожар од 1689 г. (дело на австријците) голем дел од неа е опожарен и ѕидовите и' поцрнуваат - на тој начин таа го добила своето име, со кое е позната и до ден денес. Црната црква има 5 портали (од 15 век) и убавата часовникова кула. Внатре можете да видите уникатна колекција од килими, донесени од патувачките трговци во Ориентот, кои на овој начин се заблагодарувале на Господ за безбедното враќање дома. Тука е и најголемиот црковен орган во Југоисточна Европа.