
Таа е втората најважна црква во Краков. Во 13 век старата црква, изградена во 1222 година, била разрушена, при обновувањето и во 1320 одина била изградена во готски стил. Двете кули добиле облик во раните години на 15 век, кога северната кула била доизградена за 80 метри и претворена во кула за набљудување на градот. Низ вековите таа претрпела многу реконструкции на интериорот и екстериорот. Црквата “Света Марија“ впечатува со својот дрвен олтар во касен готски стил, поставен во 15 век од Вит Рос. Позната е со музичките изведби, кои се одржуваат секој час.