Црквата "Св. Влас"

Дубровник, Хрватска

Црквата "Св. Влас" е изградена во XIV век, но била сериозно оштетена од земјотресот во 1667 г. и последователно уништена од пожар во 1706 г. Црквата е изградена повторно во сегашниот барок стил меѓу 1706 и 1714 г.  Архитектот на храмот е венецијанецот Марино Гропели. На главниот олтар има и прекрасна позлатена статуа на Свети Влас, заштитник на Дубровник. Во едната рака светецот држи макета на градот, како што изгледал во средновековието.

Екскурзии и одмори до Хрватска »