
Втората по убавина црква во Палермо, по катедралата, е црквата ''Санта Марија дел`Амиралио“ или „Девица Марија Адмиралска“. Попозната е всушност како црква „Ла Марторана“ – име, наследено од стар метох, основан од Елоиза де Марторану, кој всушност не е зачуван до денес. ''Девица Марија Адмиралска'' се издига на Пиаца Белини, во близина на Пиаца Преторија од 1143 г. Во различни периоди се правени многу промени во интериорот на црквата, кои уништиле голем дел од впечатливата внатрешна декорација од византиски мозаици. Зачувани се само мозаиците од 12 век во купола, во левата и во десната апсида. Можда највредното во црквата „Ла Марторана“ е делото во која е насликано крунисувањето на Роџер I, крал на Сицилија, од Христос во близина до западниот влез. Ова е единствениот запазен до денес портрет на кралот на Сицилија.