
Црквата ''Сан Лоренцо'' се наоѓа на централниот плоштад во Торино - ''Кастело'', во Северна Италија. Црквата е во барок стил во непосредна близина на кралскиот дворец. Изградбата на црквата започнува во 1634 г. по проект на архитектот Гуарино Гуарини. Проектот е назначен од Карл-Еманиул II - војвода од династијата на Савоите. Интериорот е украсен со слики во маслени бои, исклучителна дрворезба, позлатен и шарен мермер, богато украсена осумаголна куполаи осум странични капели. Централната купола е испрекинат со ѕвезди со шест зраци - потписот на Гуарини, кои изгледаат како да танцуваат под зраците на светлината од прозорците. Високиот олтар е еден од најекстравагантните во Италија - нареден со инструкиран мермерен под и украсен со позлатени мермерни колини и херувими, како и со статуа на Савојската династија. До сето ова стои и портретот на Сан Лоренцо, патрон на Торино. Црквата е вистинско ремек-дело на барокната уметност. Таа е една од главните туристички забележителности во Торино.