
Хумут Сук е најголемиот град на тунискиот остров Џерба. Се наоѓа на северниот брег на островот, на 20 км. од град Аџим. Важен туристички центар, познат со своите шарени и живи пазари за традиционални чевли, текстил, сребрени и кожни производи и рачно нацртани керамички садови. Основна дејност е туризмот. До средината на 20 век во градот живеела голема еврејска заедница.