Храмот на литературата

Ханој, Виетнам

Храмот на литературата или уште нарекуван Ван Миу се наоѓа во Ханој, Виетнам. Тој е една од најзначајните културни атракции во градот. Литературниот храм е изграден во 1070 г. од императорот Лај Тан Тонг во чест на великиот деец Конфучиј. Храмот се наоѓа во познатата императорска академија, која е и првиот функционирачки универзитет во државата.

Академијата обучувала аристократи, благородници и членови на кралските семејства во текот на неколку векови. Зградата и литературниот храм успеале да го зачуваат својот антички архитектурен вид повеќе од 1000 години. Интересно за овој музеј се петте внатрешни дворови, кои ги олицетворуваат петте главни природни елементи - земја, оган, вода и метал.

Екскурзии и одмори до Виетнам »