
Храмот Кориканча се наоѓа во Куско, Перу и е најважниот храм во периодот на империјата на Инките. Нарекуван е уште ''храмот на сонцето'', зошто бил посветен специјално на бог Виракоча (богот на сонцето - богот создавач). Храмот е изграден со фино издлабени камења. Во храмот ѕидовите во многу од собите биле покриени со златни и сребрени листови. Храмот е скоро разрушен во 16 век, по војната на Шпанските освојувачи. Денес на местото е изградена црквата „Санто Доминго“.