
Храмот "Ват Трајмит" се наоѓа во Тајланд, во главниот град Банкок. Храмот природбива популарност поради статуата на златниот Буда, која е таму расположена. Статуата е со височина од 3 метри и тежи 5.5 тони. Потеклото на статуата не е јасно, но според изработката може да се заклучи, дека е изработена во XIII – XIV век во стил на династијата Сукхатој. Во 1767 г. статуата била измачкана со семент, за да не го привлекува вниманието на крадците. По прогласувањето на Банкок како главен град на Тајланд во 1801 г. на територијата на градот започнуваат да се градат многу храмови. Во 1935 г. статуата е прместена во храмот, во кој се наоѓа и денес. Во тоа време храмот „Ват Тримар“ бил со мали размери и не можел да ја засолни статуата. Тоа доведува до градба во 1954 г. на нова зграда во храмот. При преместувањето на статуата се извадила цементната обвивка и за прв пат после многу години се открил оригиналниот вид на статуата на Буда. Денес тука доаѓаат поклоници од цел свет, за да се поклонат на златниот Буда.