
Ват Пра Си Санпет е будистички храм во Ајутаја, старата престолнина на Тајланд. Ват Пра Си Санпет е познат со тоа што е најсветиот, и најпрекрасниот храм во старата престолнина. Дворецот бил користен само од кралски личности, а на монасите не им бил дозволен влез. Ват Пра Си Санпет уште е познат со трите пагоди, во кои се чуваат останките на трите кралеви, според верувањата на локалните жители.