
Будистичкиот храм „Ват Арун“ (Храмот на Зората) се наоѓа во населбата Банкок Јај, на западниот брег на река Чао Праја и го носи името на индиското божество на изгревачкото сонце - Арун. Храмот се разликува од сите останати во Банкок, не само од необичната местоположба, но и со исклучителен дизајн. Кулите му се богато декорирани и украсени со шарени плочки од кинески порцелан. Стрмни скали водат до терасата, кои откриваат панорамна глетка кон реката и околината.