
Храмот Тодајџи е изграден во 752 г. во првата престолнина на Јапонија - град Нара. Во храмот е сместена најголемата статуа на Буда во Јапонија. Храмот бил изграден по заповед на императорот Шому, специјално за да ја смести огромната статуа на Буда. Височината на Тодајџи е 18 метри, а плоштината му е 2500 м.кв. Идејата на императорот била да се демонстрира великоста на новата религија и да се ''осигури'' дом за вечно царување на Буда во Нара. Главната сала на храмот Дајбутсуден (големата сала на Буда) е најголемата дрвена зграда во светот.