
Танах Лот е камено образување покрај индонезискиот остров Бали. Таму се наоѓа древниот храм за поклонение на Пура Танах Лот. Се тврди, дека храмот е дело на Данг Хинаг Нирарта. За време на своите патувања по јужниот брег во 16 век, тој го видел каменото образување, му се допаднало, разговарал со локалните рибари и им кажал да изградат свето место за поклонение на боговите на Балиските мориња. Храмот бил дел од Балиските митови и е еден од седумте храмови изградени покрај Балискиот брег.