Храм „Сенсо-џи”

Tokyo, Јапонија

„Сенсо-џи” е најстариот и истовремено најпознатиот храм во Токио. СПоред легендата во 628 г. двајца браќа од реката Сумида ја уловиле статуата на Каннон - божицата на милисрдноста. И покрај тоа што ја вратиле назад во реката, таа секогаш се враќала кај нив. Така храмот бил изграден во близина на реката во спомен на божицата. Изградбата му е завршена во 645 г., кое го прави најстариот храм во Токио. Портата  „Каминаримон“ (Портата на молњата) е симбол на населбата Асакуса и цел Токио. Трговската улица „Накамисе“ води до вториот влез на храмот „Хозомон“. Таму може да се здобиете со познатите јапонски едра, како и да ги пробате традиционалните јадења за регионот. Секоја година во храмот се одржуваат многу настани. Најголемото од нив е фестивалот „Санжа Мацури“, кој се одржува секоја година во мај. Други интересни настани се карневалот „Асакуса Самба“ во август и пазарот „Хагоита“, каде можете да се здобиете со дрвена ракета, користена во традиционалната јапонска игра (бадминтон).

Екскурзии и одмори до Јапонија »