
Ланкатиланка Вихара е древен Будистички храм, кој се наоѓа во град Канди, Шри Ланка. Храмот се смета за највеличествената архитектурна зграда, создадена во периодот на Гамболската ера. Според историски преданија изграден е во 14 век од крал Буванекабаху IV, кој царувал меѓу 1341 и 1351 година. Архитектурата е дело на Индискиот архитекс Стапати Рајар. Зградите на храмот се изградени врз природна карпа, наречена Панхалгата. Зградата на уметноста поседува карактеристични архитектурни особини, украсени со традиционалните свети скулптури.