
„Кијомиѕу-дера” е будистички храм во источниот дел на Киото. Тој е еден од најпопуларните во Јапонија, секоја година тука доаѓаат илјадници туристи и поклоници. Историјата му започнува во 798 г., но денешните згради се подигнати во 17 век. Храмскиот комплекс зазема опширна териотија на живописен наклон на планината Отова и е наречен по водопадот, кој тече во внатрешноста на комплексот и името му значи „Храм на чистата вода“. Храмот ги закупил околните терени, за да ја спречи изградбата на високи згради околу него.
Главната зграда на храмот се нарекува „Хондо“ и е дел од јапонското национално културно наследство со своите дрвени балкони и покрив со наклони во неколку насоки. Оваа зграда е позната највеќе поради терасата со прекрасна глетка кон градот. Просторот меѓу терасата и земјата е само 13 метри и тоа е впечатлива висина за таква дрвена конструкција. Јапонската фразеологија „да скокнеш од терасата на Кијомиѕу-дера“ значи „да одлучуваш“. Тоа е поврзано со традицијата од времето на шогуните Токугава, според која на човек, кој ќе се осмели да скокне од терасата на храмот, ќе му се исполнат сите желби. На ова кажување може да се верува, така што бујната растителност под терасата да го олесни уарот од падот. Во минатото се регистрирани 234 скокови, при кои 85% од скокачите останале живи. Денес скокањето од терасата е забрането.
Во храмскиот комплекс освен тоа, има и неколку шинтоитски светилишта, вклучително и едно, посветено на Оконинуси-но-Микото – богот на љубовта. Во овој дел се наоѓаат неколку двојки „камења на љубовта“, кои се расположени на растојание 18 м. еден од друг. Кажуваат, дека кој ќе успее да го пронајде патот од едниот камен до другиот со затворени очи, за брзо време ќе се заљуби. А, ако некој му помогне да го најде патот, тоа значи, дека вљубените ќе ги собере посредник.