
Храмот „Зоџо-џи” се наоѓа во Токио, непосредно до радио-телевизиската кула. Изграден е во 1393 г. и служел како храм за семејството на Токугава Јеасу. Пвеќето од зградите на храмскиот комплекс се реставрирани, со исклучок на главниот влез, кој издржал многу пожари, земјотреси и војни. Во храмот може да ги видите урните на 6 шогуни од династијата Токугава, како и Градината на неродените деца. Таа се наоѓа во гробиштата на храмот и претставува редови од мали фигури, симбозилирајќи ги недоносените, абортираните и мртвородените деца. Родителите посетители на храмот можат да си изберат фигура и да ја декорираат со мала облека и играчки, во спомен на своето дете. СПоред традицијата треба да се остави мал подарок за џиѕо-водачот на децата, а околу фигурите се ставаат камења, за да им го олеснат патот кон задгробниот живот.