
Едфу е древен храм на западниот брег на река Нил во Египет. Храмот е вториот по големина во Египет, уште познат како храмот на Хорус (богат со соколовата глава). Изграден е меѓу 237 и 257 г. п.н.е. од цар Птолемеј VIII. Едфу е наречен најубавиот и зачуван египетски храм. Пронајден е под песок во 1860 г. од археологот Аугустин Мариет. Можеби најзабележителните црти на Хормовиот храм, се гигантските столбови, кои стојат до влезот на храмот на височина од 36 метри. Интересни за храмот се натписите по ѕидовите, кои даваат важна информација за јазикот, митот и религијата за време на грчко-римскиот период во древенЕгипет. По ѕидовите на храмот има издлабени текстови кои раскриваат детали за неговата изградба, исто така и сцени на одмазда меѓу боговите Хорос и Сет од древен Египет.