Храм "Бесаких"

Остров Бали, Индонезија

Најголемиот и најсветиот храм на остров Бали е Бесаких. Тој е изграден на падината на вулканот Гунуг Агунг, висок 3142 м., откаде се отовра величествена панорамна глетка кон половината остров. Целиот комплекс Пура Бесаких претставува опширен и сложен комплекс, кој опфаќа огромна површина и составен од 23 различни, но поврзани храмови, од кои најважен е Пура Агунг. Ова е најзначајниот храм за хиндуистите на Бали. Наречен е уште „Храмот мајка“. Изграден е врз шест растечки тераси. Секоја година се одржуваат најмалку седумдесет фестивали.

Екскурзии и одмори до Индонезија »