
Величествениот дворски комплекс “Храдчани“, слижел како резиденција на кнезови и кралеви, со 6 дворци, катедрала, 3 базилики 4 манастири, 5 ликовни галерии и стрмни улички, по кои секоја зграда е некоја забележителност. Еден ден не достигнува за да се разгледа сето ова - исклучителната катедрала “Свети Вид“, која го прикажува Страшниот суд, со високите прозорци од шарено стакло, дело на прочуниот мајстор на сецесионот Алфонс Муха; новиот дворец со три гиганти на влезната врата, дело на Николо Покаси, Пеечката фонтана во дворот на летниот кралски дворец со мелодиите на капките, кои паѓаат во пронзената чаша, ремек-делата на Роден, Пикасо, Тицијан, Тинторето и многу други мајстори во ликовната галерија на дворецот “Штернберг“, неверојатното богатство во базиликата “Свети Иржи“ и стариот дворец со Владиславовата сала - најголемата во целиот комплекс. Денес “Храдчани“ е државна резиденција. Оттука и од Црната кула - вратата на “Храдчани“, Прага се гледа како на дланка.