
Хој Ан, популарен со историските згради, првично бил Чамско пристаниште, но низ вековите претрпел влијание од многу трговци од различни култури. Древната архитектура претставува шармантна комбинација од виетнамски традиционални стилови со кинеско и јапоснко влијание. Најпознатите објекти се храмот “Чуа Онг“ и будистичкиот храм во кинески стил “Фуок Киен“.