Хошимин

Хо Ши Мин, Виетнам

До 1975 г. градот се нарекува Сајгон, до тогаш е и главен град на Република Јужен Виетнам. По обединувањето (30 април 1975 г.) на државата е наречен по Хо Ши Мин - лидер на Виетнамската комунистичка партија и претседател а Социјалистичка Република Виетнам. Поатрактивни за туристите објекти се кинеската населба “Колон“, раскошниот пазар “Бен Тхан“, “Дворецот на обединувањето“ и катедралата “Нотр Дам“. Многу интересни за посета се и тунелите “Ку Чи“, неверојатна подземна мрежа долга околу 200 км., изградена од виетнамските борци за време на долгата борба за независност. Во тунелите има болници, засолништа и училишта и се користеле како војна база од Виетконг за време на Виетнамската војна. Градот се слави со многу натоварениот сообраќај и типичните азиски шарени забрзани улици. Хошимин е најголемиот град во Виетнам, со население од околу 6 милиони жители.

Екскурзии и одмори до Виетнам »