
Хајделбергскиот замок е една од најпознатите руини во Германија и симбол на град Хајделберг. Првичната функција на тврдината била одбранбена, а подоцна била раширена и претворена во раскошна резиденција на пфалцките кнезови. По разрушувањата во 1689 и 1693 г., за време на Деветгодишната војна (војната за Пфалцкото наследство), замокот бил делумно реставриран. Во 1764 г. грмотевична молња предизвика пожар, кој го опфатил реновираниот дел. Тогаш замокот бил изоставен, а руините биле искористени како градбен материјал за новиот летен замок во Шветцинген. Останките од замокот се издигнуваат 80 м. над нивото на долината, на северното подножје на ридот Конигштул и оттука го доминираат обликот на стариот град. Денес замокот е отворен за посета, а во летните месеци тука се одржуваат најразлични претстави на отворено.