
Хануман Дхока е комплекс од згради, кои се наоѓаат на плоштадот Дурбан во Катманду, Непал. Во комплексот е и кралскиот дворец на династијата Шах и царевите Малла. Името на комплексот доаѓа од статуата на Хануман (богот на хиндуистичките мајмуни) кој се наоѓа под главниот влез. "Дхока" на непалски значи врата. Источното крило на храмот датира од средината на 16-ти век и е најраната градба во комплексот. Во комплексот се наоѓа и музеј во кој се изложени неколку неверојатни престоли, украсени со накит, мебели и камени резби. Тоа се предмети од дедото на крал Бирендра.