
Халштат е мал град со население од 750 жители во провинцијата Горна Австрија. Расположен е на живописен рид во тешко достапна област по бреговите на истоименото езеро, кое го прави интересна туристичка дестинација. Со малите и тихи улички, прекрасната природа, глетките кон езерото и мирот, кој го нуди, Халштат е прекрасно место за одмор и прошетка.
Халштат е познат со производтсвото на сол.
Со градот се поврзува група од археолошки пронајдоци, кои спаѓаат во рано железната епоха во Средна Европа и на Балканите, која се нарекува Халштатска култура. Во 1846 г. Јохан Рамзуер - работник на солната мина, при откопувањето на кариера открива могила со огромно количество на праисториски артефакти.
Најголемиот принос на Рамзауер е документирањето на пронајдоците заедно со Изидор Енгл, кој ги подготвил скиците. Во следните 17 години биле откриени 980 гробови и повеќе од 19 илјади археолошки пронајдоци.