
Главниот град на остров Мадеира е познат со убавата природа, ноќниот живот, луксузните хотели и ресторанти.
Фуншал е основан во 1424 г. за време на колонизацијата на остров Мадеира. Името на градот значи „многу копар“ (португ. funcho – копър). Кога португалците го откриле островот, на него пронашле изобилство од ова растение.
Благопријатната клима и сончевите плажи го претвораат Фуншал во една од омилените дестинации за одмор. Познати атракции се нуркање во кристалните океански води, пливање со делфини, параглајдерство и пешачење. Морското градче е познато со многу фестивали, како Фестивалот на цеќата, Фестивалот на прошетките и Новогодишниот фестивал со офномети, кој е запишан во Гинисовата Книга.