
Првиот францискански манастир во Дубровник се наоѓал надвор од градските ѕидини, но поради стравот од војна во XIV век монасите се принудени да го напуштат манастирот и да се преместат зад тврдината. Новиот манастир е изграден во 1317 г. и функционира до денешно време. Архитектурата му е комбинација од готски и романски стил. Во 1667 г. е оштетен од Големиот земјотрес во Дубровник, после кој е целосно реконструиран.