
Фонтаната на четирите реки се наоѓа во централниот дел на плоштад ''Навона'' во Рим. Тој е конструиран од архитектот Лоренцо Бернини, по порачка на папа Инокентиј X. Скулптурата на фонтаната се состои од четири машки мермерни фигури, кои симболизираат четири реки во тогаш познатите континенти - Дунав, Ганг, Нил и Рио де ла Плата. Четирите мажи се потпрени на централната кула - египетски обелиск, кој ја симболизира папската власт.
Реката Ганг е прикажана со долго гребло во раката на маж, така што реката е пловна.
Богот на Дунав допира папски грб, затоа што реката била близу до Рим. Тој е придружуван од кон - симбол на војната.
Рио де ла Плата седи врз куп монети - симбол на богатството, кое Америка можела да го предложи на Европа. Тој изгледа уплашен од змијата до него, кое го прикажува стравот на богатите, кои можат да им ги украдат парите.
Главата на Нил е покриена со ткаенина, затоа што тогаш не се знаело од каде извира реката.
На скулптурата се прикажани седум животни, како и неколку растенија. На врвот на обелискот е прикажан бронзен гулаб со маслиново гранче, кое го зимболизира мирот. Четирите ѕидини на обелискот означуваат хармонија и перфектна божествена творба. Претставени се и четири елементи - оган, воздух, вода и земја. Фонтаната била изградена за време на големот глад во градот, поради кое граѓаните се противеле на изградбата. Фонтаната официјално е отворена во 1951 г.