
Со својата височина од 140 метри фонтаната „Же д'О“ со текот на времето станува вистински симбол на Женева. Убавата историја на знаменитата фонтана, уствари е резултат од случајните околности. Во 1886 г. хидростаницата, која ја доставувала енергијата од река Роан на женевските занаетчии и часовникари, требало за време на ноќта,откако затворат работилниците, да ја испушта во Женевското Езеро водата која била под голем притисок. Ова место станало толку популарно и се радувало на таков интерес, што создадената од техничка потреба водоиспуштање се претвора во фонтана. Во 1891 г. градската управа решава да ја направи фонтаната туристички симбол на градот и со таа цел притисокот на водната струја било увеличено и освен тоа фонтаната била осветена. Во 1951 г. била изградена денешната инсталација, која располага со две пумпи со вкупна моќност од 1000 kW. Брзината на проток на фонтаната е 500 л/сек, а брзината на водната струја е 200 км/ч. Играта на 140-метарската струја со ветарот и сончевата светлина претставува неверојатна глетка.